Јас од Ремедика земав и не го плаќав. Таму ми ја водеа бременоста. Си закажував ехо преглед еднаш месечно и си земав конзилијарно.
devojki konziliarno samo od bolnicite vo skopje se zema vo drugi gradovi nemoze na primer ohrid bitola dali nekoja znae sto e od ovie kraista
Женски, до сега цела бременост сум на патолошка и се од кај матичната праќаа до комисија, ама сега е пуштено 8 дена и нема одговор и од кај матичната ми рекоа дојдите да ви дадене док сами да одите во Букурешт, дека не читале и одговарале на маиловите и од сега сами да сме си ги носеле секој месец не преку нив. Среќа ова ми е последно до пред тие 45 дена од краен термин. Е сега ќе иде мм кај неа да земе док па во букурешт ама што правиме за тие денови луфта што ќе се дека вака ке испадне покасно поднесено и одговорот од комисијата кога го даваат и од кај нив се зема пак или праќаат кај матична? Sorry на долгиот пост ама у збунка сум баш на крајов
Јас сега одам на конзилијарно. Вчера зедов упат од кај матичната и ми рече донеси ми го извештајот за да го пуштиме после во Букурешт. Не ми спомна ништо вакво, баш ме збуни сега.
И кај нас повеќе од недела дена беше пуштено, па на крај Мм го носеше во Букурешт, таму му кажаа поручек ќе биде пуштено кај матичната. И после си го зимавме.
Комисијава колку ви продолжува со конзилијарно ? Зависи од дијагноза или стандард на сите исто продолжуваат?
Еве најново инфо зошто и јас имав проблем со боледување. Изгледа од 01.07 комисијата работи по старо, односно дирекно мора да се носта документите таму и тоа во смени по букви како пред короната. За жал матичните исто не се известени за ова. Од кај мојот матичен ми поднесоа во понеделникот за продолжување и зошто немаше одговор денес сетрата ме посоветува да носам директ таму. Во меѓувреме се јавив и во Букурешт и од таму ми потврдија дека не работат веќе електронски, дека мора да се оди таму да се поднесе. Ене го мм чека ред за мене, вика митинг дека било таму