Претпоставувам тоа се соби. Има повеќе доктори таму. Инаку втора смена е до 18 часот, ама незнам од колку, веројатно од 1. Само да не ги сменат буквите од понеделник. Најубави да се јавите дента кога ќе одите на телефоните што ги постирав. Кажувате буква и ви кажуваат која смена е.
Прееска се јавив, за П буква, ми рече понеделник ќе биде попладне...тука пишува претпладне.. ептен збунка и со бројките. Кај збунка, кај гужва...место електронски, ние се враќаме векови назад
Безвеза, не знам зошто вакви компликации направија, кога електронски беше многу полесно. Ама зошто да е едноставно кога може да е комплицирано
Зато и реков да се јавите. Ги менуваат смените да не биде цело време едни исти букви во смена. Мм во средата релативно брзо заврши и покрај гужвата. Воопшто не го ни викнале внатре, излегол докторот и само го упатил кај некоја сестра за да му пише и толку. За пола саат заврши.
Женски од прилика кога ја исплаќаат патолошката? Прв пат сега чекам од фонд исплата. И дали земате секој месец редовно или се дешава да касни ? Слушнав дека порано испраќале на 3 месеци.
Не. Последниот пат кога бев да однесам документи баш прашав дали имаат одреден датум или секој месец различно, ми кажа жената на шалтер дека прво во фирмата кај што работиме мора да пуштат плата па отпосле они правеле некои пресметки и пуштале плата, за околу 10 дена...
Кај нас во фирма на почеток месец пуштаат плата, па мене од фонд до сега ми пуштаа крај месец. Така да не се баш 10 дена во прашање ама ајде.
Така ми рече жената на шалтер а баш ја прашав зошто различно ми пуштаат секој месец и мене, не држи вода муабетот ама тоа беше одговорот
Девојки ми се јави матичната и рече дека е одобрено боледувањето. Значи помина електронски и овој пат.