Bremena sum 11nedela so ivf. Imam patoloska bremenost ovoj mesec bev pod firmata od koi gazdata mi prefrli plata koja morav da mu ja vratam,isto sega mi bara da si gi platam pridonesite sama . Mi se zakanuva deka mozel da me odjavi ? Ova nedela sum veke pod fondot dali toj seuste ke treba da mi plajka pridonesi?
Да, тој ти плаќа придонеси цело време, а фондот ти исплаќа плата. Не знам каков совет да ти дадам најискрено, знам какви се денешните газди и знам во колку неповолна положба си. Дали си на определено или на неопределено?
Јас мислам дека работодавецот плаќа придонеси секој месец, а патолошката си ја исплаќа фондот. Ако не ти плаќа придонеси, ни фондот нема да ти исплаќа пари.
Јас знам дека само првиот месец е на товар на фирмата, а после тоа патолошка си ја презема фондот, додека фирмата не плаќа ништо. Вистина е дека и за патолошка и здравје утре за надомест за породилно фондот чека фирмата твоја да пушти плата и придонеси, па потоа ти исплаќаат и на тебе, ама тоа се однесува на платите на останатите вработени. Јави се или отиди во фонд и нека ти потврдат од таму.
Фирмата плаќа придонеси, ако фирмата ја одјави и престане да плаќа придонеси, членката ќе нема право на надомест за патолошка од фондот.
И за трудничко ли плаќа фирмата придонеси? Пример ако се затвори формата дур си на трудничко ? Продолжуваш да земаш примања или не?
Ако се затвори фирмата од кога ќе отвориш породилно, ти ќе продолжиш да земаш породилно. Ако се затвори фирмата или ако те одјават и ти направат прекин во стаж макар еден ден пред да отвориш породилно веќе немаш право на породилно.
Не е така не плаќа ништо газдата за тебе кога си на патолошка пресметката е 0. Нека не ве лажат немаат никакви обврски кога си под фондонот. Сметководител сум барем за тоа 100% е така,и јас сум на патолошка првиот месец си на терет на фирмата после на товар на фондот.
Да ги плаќа на фирмата придонесите за другите вработени,додека не се помине платата нема ни пари од фондот. Ако плаќаше фирмата до сега никој не ќе пушташе на боледување толку време. Еве како изгледа пресметката со 0.
Не правиме муабет за никакво одјавување. Едноставно фондот ја презема обврската. Се сложувам со се што пиша Медена, всушност и јас така знам од муабет со колешката што води финансии кај нас, пошто матичната ми предлага боледување па се распрашував.
Правиме муабет и за одјавување исто така затоа што газдата и се заканува на членката погоре дека ќе ја одјави.
Ама ги прва кажа дека придонесите се на товар на фирмата, па оттука дискусијата. Не знам што воопшто мене лично ме цитираше за одјавувањето кога јас појаснував само за придонесите? Дискусијата за одјавување е друга и потекнува од фактот што членката е на определено, па газдата и се заканил дека ќе ја одјави ако не си плаќа придонеси - што еве востановивме дека фондот ги покрива на патолошка и нема да е проблем.
Имам право да те цитирам и да ти реплицирам исто како што те цитираше и друга членка. Смири се малку, на јавен форум си и секој може да те цитира. Факт е дека џабе дискутираме тука, членката треба да ја заштити правник додека е време, затоа што знаеме дека со денешните газди сè е можно и без око да му трепне, ако не го прави тоа што тој го бара од нејзе, ќе ја остави без работа, без разлика на закони.
Како што гледаш културно водам дискусија со факти, вознемиреност нема од моја страна. Од друга страна иако е форум и не треба никој слепо овде да ни верува, сепак треба да се запази со која сигурност изнесуваме информаци. И тука се одјавувам, @Girlbtz се надевам ќе дознаеш што се што ти е потребно и дека ќе се разберете со директорот. Ако можеш сподели инфо што ќе направиш, можеби ќе помогнеш некому во иднина.