Трудничкото ти е 100% како што си земала плата пред патолошката +20% затоа што имало покачување на платите?
Да. На нето плата плус 20% зголемување. Во август ја добив првата исплата и мислев грешка е. Па бев се распрашав шубе ми беше да не треба после да ги браќам. Работам во ИТ компанија кај што често има зголемување на платите и се во многу голем износ.
Ма супер, со здравје да си ги трошиш (да ти ги троши бебчето ). Ќе видиме како ќе биде кај мене, рано ми е уште за породилно да отворам, а искрено одвај чекам да поминат уште три месеци, ова со кратењево многу ми е стресно.
Епа тоа е тоа што ти го зборувам просекот од 12 месеци уназад вклучувајќи го и времето поминато во патолошка
Според мене, просек од 12 месеци важи само за тие што не се со фиксна плата, туку имаат основица, па на неа плус работа во смени, проценти или други приходи. Инаку законот вика дека за породилно те следува 100% од основица, значи исплатата кај тие со фиксна плата треба да си тече подеднакво исто како да се на работа. Не тврдам со сигурност, туку тоа е мое логично објаснување, ама ете ќе видиме за некој месец. Дај боже се да биде во ред, па ќе пишам како ќе биде.
Мојата плата не е зголемена. Доколку беше зголемена треба да потпишам анекс на договорот за вработување. Еве и да не потпишувам анекс никој не ме известил од моите претпоставени дека имам зголема плата. Во август месец ми стигаат три приливи. Патолошка за неколку дена во јуни, трудничко за јуни и јули. Приметив дека е доста повисок износ од тоа што очекувам зошто имам фиксна плата последните 12 месеци. Отидов во фзо кај црвен крст и бидејки имам контакти ме споија со една женичка која се симна до доле да ми каже дека не е грешка во износот туку периодот додека сум била на патолошка фирмата во која работам имала зголемување на нето платите на вработените значи групно процентот е зголемен. Не ја знам точната пресметка како дошле до мојата исплата. Не бев доволно сконцентрирана да ја слушам доволно ми беше да знам дека се мои тие пари.
Jas sum isti slucaj, samo jas dodeka sum na patoloska me viknaa da potpisam aneks na dogovorot za zgolemuvanje na plata. Se nadevam i mene ke mi isplakaat porodilno kolku iznosot sto e so zgolemuvanjeto.
Здраво. 2 ипол месеци сум осигурана во фирмава каде што работам па сакам да прашам дали можам да одам на патолошка бременост и дали ако се префрлам во друга фирма ке ме следува патолошка и породилно? Ви благодарам однапред и убава вечер.
А претходно работеше некаде? Треба да имаш 6 месеци непрекинат стаж за да ти следува патолошка. Можеш да менуваш фирми ама да немаш прекини во стажот бидејќи како што кажав, 6 месеци непрекинат стаж се услов за било какво боледување или породилно.
Имав прекин 3 ипол месеци. ке ве прашам и ако знаете да ми кажете за нокни смени дали треба да одам или сум ослободена? Некако многу тешко ги поднесувам.
Не знам за ноќните смени како е по закон ама човечки е да те ослободат. Дури не направиш 6 месеци стаж, за жал не можеш да користиш никакво боледување. Ако можеш гледај да издржиш уште малку на работа за да го исполниш условот и за патолошка и за породилно.
Од работа ми кажаа дека од 6ти месец можат да ме ослободат од нокни смени затоа прашав. Имав 2 абортуси и затоа ми е поголем стравот ама ете не ме следувало патолошка тоа е.