И општите матични доктори можат без проблем да ти дадат 15 дена ако сакаат. Ама ти треба да инсистираш гинекологот да ти даде боледување ако си имала крварење.
Фирмата плаќа 30 дена. Матичен општ лекар без мислење од специјалист, повеќе од 7 дена не може да даде.
Епа ко така ќе си земам плата за јули месец и една недела само од фондот треба да ми пуштат за јули месец ама најверојатно нема во август да ми ги пушти парите фондот?
Мене матичниот на почетокот од бременоста ми даде 15 дена. Само ми побара крвна слика да направам за да имал оправдување.
Не јас немав крварење туку сум матичната гинекологот ми рече дека само за крварење дава боледување и тоа 3 дена. А онаку за приватниве јас сун од Битола и единствено во плодност да прашам дали ќе ми дадат.Ама прво ќе се консултирам со општата, разочарана сум од гинекологот многу
Јас моментално имам боледување од матичен гинеколог 2 недели, а од понеделник ќе земам од општи матичен. Ќе ви пишам колку дена ќе ми даде. А од фирма нема кратење до 30 дена. Прашав во сметководство и ми кажаа.
Јас со мислење од специјалист добив боледување 15 дена (од матичен гин.) потоа ме прати на комисија со истото мислење и ми продолжија 30 дена. Без спец.мислење смеат само 7 дена да дадат. А платата дали знае некој како се рачуна кога си на боледување, просек од последни 6 месеци или?
Матичниот доктор по општа медицина на моите деца кога се болни без проблем ми дава 15 дена боледување. Значи матичните лекари по општа медицина сакаат вие да верувате дека можат да дадат само 7 дена, но тоа не е точно. Можат доколку сакаат, доколку за тоа има потреба. Гинекологот може без проблем да ти даде 15 дена, ќе пише во картонот дека си имала крварење и готово. Некој да нема да проверува, доколку не се осеќаш добро или ти е тешко на гинеколозите најлесно им е да ти дадат боледување. Само земете во предвид дека боледувањето ќе ви ги намали примањата, и кога ќе ја прават пресметката за колку ќе ви исплаќаат месечно кога ќе бидете на породилно просекот ќе ви се намали. Односно доколку неморате не користете за џабе боледување. Но доколку ви е тешко инсистирајте да ви дадат боледување, така можете да отидете и на комисија и да ви го продолжат боледувањето ако е потребно и тогаш нема да ви одбиваат од плата и просекот ќе си го задржите. Се пресметува просек од последните 12 месеци.
Не можам да вртам назад, ама имам постирано извадок од правилникот за боледување. Никој не не лаже - јасно си пушува со која дијагноза што треба за боледување.
http://www.fzo.org.mk/WBStorage/Fil...ILI POTREBATA ZA NEGA NA BOLEN ^LEN OD PO.pdf Повели па самата увери се дека можат да ти дадат 15 дена. Се разбира доколку сакаат
Јас уверена сум. Документов што си го постирала е од 2006 година и не е правилникот, туку само критериумите за дијагностичките постапки. Последните измени со донесени во 2012 година. и еве таму што вели: http://fzo.org.mk/default.asp?ItemID=A038B2A415DB1D44A907DC3D9A6BEF02&arc=1 Во документот јасно пишува за која шифра (дијагноза, која постапка се следи и како се дава боледување).
Општата ми даде 7 дена со дијагноза болка во половина без проблем ми даде и ми кажа ако успеам да се снајдам да продолжам преку специјалист за повеќе денови а таа најмногу до 7 дена дава.
Така и е по правилникот. Е сега, ти да одиш на приватно и да си земеш милење од специјалист и кај матичниот гинеколог да одиш после. Не би требало да имаш така проблем.
Незнам како ризикуваат одредени матични гинеколози и даваат без мислење од специјалист 15 дена. Значи матичен гинеколог дава само 7 дена, за уште 7 дена да продолжи мора извештај од специјалист. Се поинаку издадено е на ризик на гинекологот. А најново шо искусив е дека веќе не отвораат боледување ретроактивно, мора на денот да се отвори.
Мене без проблем ми даде 15 дена боледување. Ако сакаш повеќе денови мора комисиски да одиш. Ама и секоја матична своја политика си тера како и одговара.
@kukla21 мојот матичен лекар не е глуп за да ми дава боледување на негов ризик, ми го дава боледувањето кога навистина детето е болно и според важечките критериуми, правила и закони. Нема докторот да си ја ризикува својата работа, заради мене. И нема страв од контрола. Ти мислиш дека е во ред гинекологот да не даде боледување доколку жената крвари, може и треба да даде 15 дена на трудница - таа е негов пациент и освен на контролата од институциите треба да осеќа морална одговорност за здравјето на жената и бебето кое е во стомак, од неговата стручност зависат животот на пациентката и плодот. Јас имав крварење во текот на бременоста во Август 2015, и не размислуваше ми напиша боледување од 15 дена. Самиот кажа без јас збор да му кажам.
Се се среди докторката му даде мислење за на комисија и денес се се заврши ,комисијата ми даде еден месец боледување.
Темава е за патолошка бременост, не за нега на дете. Според шифрата која ти ја дал педијатарот види што се апсолутни/релативни критериуми и што се бара за да се отвори боледување. Јас како работат гинеколозите/мат.лекари не сум надлежна. Надлежно е фзо кое за таа цел има направено правилник. Линкот до правилникот го поставив погоре, како и воведните критериуми на база на што се одредува боледување од 7 т.е.15 дена. Дискусијата не е што е правилно, а што не, туку како е регулирано - законски, уредба, правилник. Тука се "суди" на доктори кои не даваат боледување, наспроти оние полибералните кои даваат без проблем. Сигурно овие првите се изгореле, па кренале рачна и го следат правилникот, за разлика од вториве. И мојата матична има залепено на врата известување од мин.за здравство дека многу приотитетни упати давала, па сега се повнимателни. Да не го закачеле сигурно многу ќе се лутеле зошто не им даваат приоритетен кога им треба. Ова е како е регулирано и како треба да функционира. Што се однсува до вториот дел од прашањето, што мислам јас, дали треба да се даде боледување ако има крварење во бременост - апсолутно. Ама согласна сум и, до некаде, ми има логика да се бара мислење од специјалист од секундарно здравство. Ако состојбата трае повеќе од 7 дена, значи дека е сериозна и бара надзор од доктор-специјалист. Факт е и дека премногу се стегна обрачот за боледувања заради злоупотреби, ама кај нас како и за се, се оди во крајности. Еве и на темава, колку пати се има пишано дека се зема боледување од општ лекар, а се нема потреба. Затоа, 7 дена од матичен по негово убедување над тоа надзор од специјалист ми е оправдано. Мене место не би ме држело да се ослонам на доктор од "општа" пракса.