Jas da si prasam iskusni clenki, oti ova mojata se poveke me nervira, ednas mi zgresi sifra, za vtor skrining me pisala normalna bremenost a jas na patoloska. Pa ajde tamu doktorot na gak vo izvrstajot popravi. Abe haos. Sega so ova sto mi iskomplicira zakazuvanje, na 6 ti uspea da me zakazi, fala bogu. A mene ke mi dojdi trcanje ama vazno me zakaza.
Фала ти на одговорот. Уште нешто.. дали еднаш ако се потврди патолошка бременост, после тоа може да се прекине односно да се води како нормална? Пример, таму после 6ти месец ако се е во ред..? И колку од плата исплаќаат во патолошка бременост и дали се редовни исплаќањата? Фала
Мислам дека може да се префрли на нормална бременост, но сепак штом веќе си на патолошка гледај до крај да истераш со неа. 70% од плата се исплаќа патолошка.
Девојки да ве прашам некоја дали има што за повеќе месеци и немале префрлено патолошка и како ги исплатиле сите наеднаш или дел по дел ?
Здраво Ве молам за инфо дали некоја имала вакво искуство... На патолошка бременост сум од почеток, последна недела дум од 8ми во понеделник влегувам во 9ти месец. Од почеток и тука читав по форумов и од други искуства ми кажуваа дека породилното го отворале 45 дена пред термин, сега неделава на мм му рекле требало да се отвори 28дена пред термин. Е арно тоа се... Ама од кај матичнава му дале документ да го однесе на комисија пак продолжено за 1 месец како и до сега т.е. предлогот е да се продолжи до 03.03.2023 а мене краен термин ми е 06.03.2023 Си се изначудивме кога прашал во фонд зошто е вака... Му рекле утре има комисија остај така ако помине, помине... Боже Господе со по некои во институцииве Дали има некој вакво искуство да тера до крај со патолошка па да си отвори породилно пред или кога ќе се породи? Да не ми направат проблем со породилното зошто не е 45 или 28 дена пред термин, луда држава значи... Сепак комисијата ако продолжи (ваљда они си знаат што прават) па имам проблем... Кој ќе се тужика после Извинете за подолг пост
Мене конзилијарно на ГАК ми дадоа уште еден месец, ама во Букурешт комисијата издаде боледување од 3 дена и препорака за породилно. Матичниот според тоа ми го отвори породилното. До фондот не сум ни стигнала, рано е.
Благодарам за издвоеното време... Баш во понеделник ќе го земеме решението од комисија, па ќе споделам искуство
Zdravo...dali firmata moze da te otpusti dokolku si so patoloska bremenost ili ke te ostavat dodeka e dogovorot pa da ne ti go prodolzat?
Јас истото прашање го поставив во книговодство кај мене во фирма затоа што ние сме на определено време пријавени а работам скоро 4 год и ми рекоа законски несмеале да ме отпуштат додека сум на паталошка и на породилно. Последниот договор ми истече во септември
Здраво Homme Денес сопругот го зеде предлогот од комисија и продолжуваат со 30дена односно до 03.03.2023 Одтаму право кај матичнава да го отвори боледувањето... На што десетпати ја препрашал дали ќе имам некој проблем зошто сите ни велеа 45 дена за патолошка итоа луѓе што скоро ја поминале голготава не од рекла кажала, на што сестрите сите 3 вработени биле едногласни дека треба така, а 28 дена пред термин мора да се отвори за нормална бременост и тие се чуделе искрено но сепак и тие така ми го отвориле со што му нагласиле дека ако се породам пред термин односно пред 06.03.2023 ќе се затвори ова боледување и ќе ми отвореле породилно. Но сепак одлукава е помината на комисија, боледување кај матична... Не му ја мислам ич... Ако ми направат проблем ќе ги тужам без око да ми трепне и едните и другите, а ако направиле грешка/пропуст кој кај нас во мк може да си помине (пошто кој ќе брои сега денови нели, ќе се замараат они со комплексни математики).... Тогаш од срце им благодарам Господ здравје да им даде... Ќе си бидам со бебе подолго дома место да ми тргне толку рано во градинка, 45 дена не се малку Само што многу лошо кај нас "луд, збуњен, (не) нормалан" работава, на крај пак незнаеш како е правилно, пошто вработените во фондот прво незнаат да ти објаснат... Ти викаат "абе терај така ако помине ок" П.С. Доколку има други со вакви искуства Ве молам споделете
И јас бев на патолошка и имав предлог од комисија за отварање на породилно, ама јас користев годишен одмор, плус од матичен доктор пак боледување и породилното го отворив 4 дена пред термин и сега си земам породилно, нема да ти направат проблем подобро за тебе бидејќи ќе имаш еден месец плус да си поседиш со бебе.
Девојки здраво, сакам да споделам едно искуство со вас може на некој ќе му биде од помош..работам во градинка и цела бременост се водев како високоризична и бев на патолошка..бидејќи повеќе од 6 месеци бев на боледување од синдикатот ми следува паричен надомест кој ми го исплатија и плус добив решение дека од фирмата ми следува една просечна плата...се надрвам дека ќе послужат овие информации некому
Здраво И јас сум веќе 6ти месец на патолошка бременост, член сум на синдикат но сум вработена во банка односно спаѓаме под А.Д. Незнам дали ова важи и за други сектори или само под државна капа, градинката во која сте вработени е приватна или? Баш ќе се распашам и за во мојов случај, па ако е исто ќе споделам и јас одговор Секое добро
Здраво Благодарам многу за одговорност Значи и вакви комбинации се можни... Ми падна и ова на памет од почеток кога ми кажаа дека 45 дена порано треба... Ми дојде многу рано за бебче во градинка дека ќе треба да тргне... Прво што нема кој да ми го чува ако почнам на работа, второ дали ќе ми го примат толку малечко. Со оглед на тоа дека сум во Тетово... Можете да замислите колку можам да добијам соодветен одговор во фондот... Па ќе мораме вака да се советуваме тука. Секое добро