Мислам дури тогаш ќе ти исплатат кога ќе поднесеш документи после породување. Порано може пример ако користиш одмори јас така направив дури кога се породив го отворив породилното.
Фала многу на одговорот, за жал одмор веќе немам, но дали би можела да отворам веднаш друго боледување од 15 дена од општ матичен, веднаш по завршување на патолошката или би морала да се појавам некој ден на работа прво? Извини те замарам со еден куп прашања.
Можеш да земеш друго боледување од општ матичен, дури ако се снајдеш од друг спацијалист (само да не е гинеколог) можеш да го продолжиш уште боледувањето, не само 15 дена. Инаку, за породилно да земеш ќе треба да се породиш и сопругот да поднесе документи за извод, па кога ќе биде готов изводот заедно со сите документи ќе поднесете во фонд и ќе чекаш исплата.
Ти благодарам многу, сега ми е појасно.Ќе пробам така, ако успеам секако.Само уште ова, новото боледување (боледувањето од друг доктор) пример од 15 дена, ќе оди со исплата од работодавач во износ од 70% од плата, така? и можам веднаш да го отворам по завршување на првото боледување?
Јас бев на патолошка од 15ти Јуни и ми исплатија дури во Септември, ама заради грешка во саатевите од фирмата. Ме маткаа месец ипол ова е тоа е за на крај едвај да најдат каде е грешката.
Не. Со 70% до 15 дена (од општ матичен), над 15 дена 90%. Можеш веднаш да го отвориш по завршување на првото боледување.
Денес баш се јавив во фондот, имаше проблем со корекција на работни саати од страна на книговодотелката затоа сум немала исплата. Сега треба таа да корегира па којзнае кога исплатата..
Има уште некој што нема земено патолошка за јануари? Треба да ми биде последна исплата за пола месец, а абер немаат, со 2 бебиња дома, на ад, породилно кој знае дали и до април ќе земам, не знам стварно што мислат со нивната глупава администрација. Ич не ми се ѕвони кај тие, страв ми е да не ми кажат со породилно заедно дека ќе биде.
Јавувај се и биди упорна, барај, прапувај. На овие цени па плус со две бебиња не се издржува без пари.
И јас уште немам земено за јануари, од вчера дури ми е отворено породилно значи не се нормални што каснат.Рата за кредит, Евн, Водовод, телевизија интернет никој не вика ајде Ви каснат со исплата ќе почекаме и ние.Дно дна од држава, безобразлук..
@Iris-1234 се спремив психички, вртам на двата броја, не се јавуваат. Ќе досаѓам цел ден, може ќе им заврши некое време "паузата". @KatysRainbow иста ситуација, само сметки, кредити, фискални од аптека, а плата абер немаат, кај кратат неосновано 30% па уште и доцнат. Ние дури вчера земавме изводи, па сега додека поднесе фирма и додека им текне да исплатат лето ќе дојде и бебињава веќе манџи ќе јадат
Дај ни фидбек ако успееш да ги добиеш… И кај мене сеуште неѓа исплата за месец јануар, а кој знае кога ќр биде, страшно…
Ги добив, се уште не било одобрено моето од скопска подрачна, па после требало нивната раководителка да потпише, да сум очекувала следна недела дури.
Конкретно за боледување од две недели, општите матични имаат одредени дијагнози за кои може да ти дадат боледување од две недели, ако не грешам, една таква дијагноза беше бронхопневмонија или бронхит.Сигурно има и други дијагнози.Те молам ако не ти е тешко, пиши откако ќе отвориш боледување од матичен после патолошка, зашто и јас планирам да направам така за еден месец, да знам како оди процедурата за исплата.