Јас сама си носам секој месец и тоа : -барање кое го земам пд ФЗО -копија од трансакциската сметка -решението од ФЗО за тој месец -боловањето за тоа решение Сликан примерок праќам на работа од боловањето. Поздрав
Да плус барање поднесов. Им го пуштам и јас у фирма ама они не носат ништо Сите документи ни се исти. Фала девојки ❤️
Здраво Ме интересира две недели добив од матичната и ми кажа дека после тоа ќе ми даде упат за да одам на специјалист и после на комисија. Дали може некој да ми објасни бидејќи не го разбирам тој дел.
Со упат одиш на специјалист во државна или чаир,ти дава мислење специјалистот со него назад кај матичен ти изготвува предлог правиш крвна слика и со тие одиш на комисија Букурешт.Можеш на специјалист и на приватно ако одиш негде на приватно за прегледи без упат нели
Каков идиотизам! Прашуваш зошто нема исплата за јануари, таа таму вика ама не е поднесено за породилно. Породилното ми е отворено на почеток на февруари 45 дена пред термин, каква врска има со платата од јануари за која уредно лично доставив документи. Ми стои мене дека нема да видам пари уште долго. Глупи се праат, а и нас не мавтаат
И јас сеуште немам исплата од патолошка за Јануари. Денес ѕвонам упорно никој не се јавува Стварно претеризам
И кај мене исто нема исплата за Јануари… не знам шо им е проблемот, дали и ќе добијам пари се плашам…
Здраво. Имам едно прашање. На конзилијарното мислење дали ова на сликата ви е пополнето од матичен или така го носите во фондот?
Не сум обрнала внимание. Кога го зимам конзилиарното одам кај матичната и што пишува на документот што ми го дава неам појма и сето тоа ги носам на комисија
Кај мене беше празно па од фондот после неколку дена ми се јавија дека не се во ред документите. Така да, немој да го однесиш така, види на извештајот дали има запишано колку време треба да лежиш ако не прашај ја матичната да ти запиши или да запишиш сама.
023289020 овој 3 бројот, еднаш пред 3 недели на среќа ги добив ама денес не. Потоа пратив е-маил и ми вратија одма