Да, јас така правев, закажував преглед кај специјалист 5 дена порано (затоа што не секогаш има термин баш на одреден датум) о ги носев во комисија два три дена порано.
На сите ова ни го пишува во извештаите, комисија дава предлог да си отвориш породилно, они не знаат дали имаш ти стар одмор или нов. Јас на мојот матичен му кажав имам месец дена одмор породилно отвараме од таа и таа дата и така и беше. Не знам зошто вака те маткаат и ти ја комплицираат работава, те следува одмор со закон.
Nema vrska sto pisuva taka. Ako sakas da si koristis odmor nikoj ne moze da ti go skrati toa pravo. Da odis da se pobunis kaj maticnata da ne ti go otvora porodilnoto ako ne sakas tolku rano da ti go otvorat.
Јас бев само 10дена на патолошка, ама боледувањето ми е кај докторката. Која процедура е, го земам и доставувам во фонд само? Ептен го изумив, да не ми се јавеа денес немаше ни да ми текне на него
Што треба да се достави кај матичен гинеколог за да се отвори предвреме породилното? Јас бев до 31.03 на патолошка бременост е сега сакам да го отворам породилното
Да знам, ама кај матичнава треба да носам некој документ извештај од гинекологија или слично за да го отворам предвреме?
После истекот на 15те дена боледување од матичниот, за на комисија треба извештај од специјалист во смисла од еден? или треба конзилијарно мислење?
Да, прво од специјалист. После ќе ти пишува во барањето од комисија дека ти треба мислење од конзилиум.
Денес беше комисијата кај нас. Напишано беше за 2 месеци, а одобрено за 1 месец. Јас не одам, свекрва ми оди ги носи документите. И денес со термин и имаа кажано да оди да го земе решението. И ја испрашвеле тука биле сите доктори од комисија. До сега не беше така, само одеше и го земаше
Појма немам, до сега исто и таа одма го земаше. Сега вака со закажување и рекоа. И сите така чекале... и се задржувале во канцеларија кај нив. За Охрид е ова. Кај некоја друга се има вака случено?
Рекле дека од сега така ќе е. И зато и докторката на болница ми рече дека све е во ред сега , последен пат ми продолжуват боледувањето.