сега прв пат треба да одам на специјалист за продолжување на боледувањето, сеуште ми течат првите две недели од матичната.. затоа не знам како е процедурата, ми требаше инфо како е на клиника, како одат таму работите
Ме интересира конзилијарното мислење е 2 месеци важност. На комисија профолжуваат 1 месец а за следниот треба да се носи истото конзилијарно, но дали мислењето од специјалист мора да биде од истиот специјалист или може друг?
Не знам за вас ама мене така лошо од контакт центарот на фонд ми се испонашаа тоа е чудо! Се јавив да прашам бидејќи немав исплата од февруари месец. Така дрско ми се испонашаа :/ Изгледа забораваат дека земаат плата од нашиот данок
Документот од комисија копија кќе си направиш немој да го дадеш во фонд, два месеца ќе ти треба. Исто една копија ќе ти треба од конзилијарното кога ќе одиш на комисија втор пат. Јас на све копии си правев и така им ги носев, боље така него да ти фали документ после пошто кај нас и здравство и систем се каша попара е така да биди си сигурна дека ги имаш сите документи кај тебе. Мене два пати името ми го утнаа па триста проблеми имав
Zdravo sakam da prasam transakcijona si nosi firmata i dali za konziliarno mozi na privatno Za bitola prasvam
Здраво феминки, моментално сум на комисиско боледување по вторпат.Имам стар неискористен одмор којшто може да се искористи до крај на јуни. Дали е подобро по завршување на ова комисиско боледување да го искористам стариот одмор, па после повторно истста постапка со боледување од матичен или да се продолжи со комисиско боледување, со тоа што наредно треба да се однесе конзилијарно мислење?
Мојата матична ми рече ако прекинам боледување после тоа 45 дена нема да можам да отворам ново. Не знам колку денови одмор имаш за користење, но најдобро да се консултираш со матичен, да не испадне да треба да се враќаш на работа после одморот.
Ти благодарам за одговорот, ќе се консултирам со матичната. Ако и некоја друга феминка имала ваква ситуација, би била благодарна доколку сподели.
Здраво, од понеделник да не знае некој буква Ц која смена е за комисија во Букурешт, и дали мора лично да се поднесат документите?
И мене ме интересира за буквата Ц од понеделник која смена е. И ме интересира дали ги носите документите на комисија пред истекот на тој датум или може и порано 2-3 дена? Благодарам.
Втора смена ќе е наредна недела. Документите не се носат лично, некој друг да ги однесе за вас. Може да се однесат неколку дена порано.
На кој број звониш да се јавам и јас, немам исплата за март… Па да видам и мене дали ќе ми се испонашаат, идиоти не видени…
Би сакала да споделам информација дека оваа недела буквата " И " е прва смена, во комисија за боледување. Можеби на некоја членка ќе и биде потребна оваа информација.