Здраво сакам да ве прашам дали некоја знае оваа недела комисија за буквата Т која смена се во румунска не се јавуваат на телефон. Фала ви многу
Девојки,ми треба инфо и совет за патолошка. Немам некој проблем со бременоста,освен остри болки во долен дел. Работата ми е со седење цело време. Матичната ми предложи да ми отвори боледување ,па да идам на патолошка. Имам избор,па кажете ми предности и маани. 3ти месец сум моментално. Немам претходно искуство со патолошка и како иде целиот процес.
со патолошка ќе земаш 70%од плата, доколку немаш крварење, хематоми, нешто што ти ја попречува бременоста не гледам причина зошто да отвараш боловање плус ќе треба трудничко порано да отвориш.
Здраво мешиња. Во работен однос сум 2 месеци, бремена сум скоро 7ма недела. Зедов боледување од кај матичен општ лекар, гинекологот ми рече на нареден преглед ќе пиши. Ај ве молам поупатените што сте објаснете, договорот ми е на еден месец и е поминат од стартот на мај. Втора работа знам дека за боледување треба минимум 6 месеци непрекинат стаж, а од фирмава за да оправдаш ден бараат боледување. Во бунило сум, и ме фаќа нервоза. Дали ако треба да седам дома сега според матичен гинеколог смеат да ме избркаат од работа? Или додека си на боледување не смеат да те избркаат? Дали породилно следува ако имаш 6 месеци од кога си пријавена трудна, т. Е ако си немала 6 месеци кога те пријавиле не ти следува?
Здраво феминки, претходниот пат на комисија однесов извештај од специјалист од Систина и конзилијарно мислење од Систина. Дали и наредниот пат кога ќе поднесувам документи на комисија, извештајот мора да биде од специјалист од Систина, оти ќе го поднесам истото конзилијарно од Систина од претходниот пат?
Сакам да ти одговорам, ама малку конфузно е се што си пишала... Значи не смеат да те избркаат додека си на боледување ако си трудна, но тоа важи само ако си во работен однос. Ако добро разбрав тебе ти завршил договорот пред еден месец, значи не си вработена веќе??? Зошто ти бараат боледување ако немаш договор? Не разбирам...
Чекам продолжување на договор. Конфузно е оти јас се вработив во април и договорот што го потпишав пишува дека трае еден месец. Досега нема нов договор.
Здраво, јас бев во иста ситуација како тебе. Додека си на боледување не може да те избркаат. Ако договорот ти е поминат на страната на аврм бо делот е-работа можеш да провериш дали си пријавена сеуште. Или на мое осигурување види дали имаш здравствено ако имаш значи си пријавена. Патолошка можеш да извадиш но теретот ќе биде на фирма, а не на фонд зошто немаш 6 месеци. И ти следи трудничко
Ај уште едно прашање. Дали непризнавање на боледување е политика на фирмата? Пошто кај што работам знам за случаи кај што не им го признава фирмата.
Ти си имаш боледување ако на плата не ти ги префрли парите туку ти ги одбие цели дневници пријави во трудова инспекција. Не може да не признава боледување, кај си била ти тогаш, на работа? Ти си имаш доказ за одсуство, а он нека му ја мисли. И стално кога пријавуваш одсуство од работа ради боледување итн итн гледај на вибер или порака да ги известуваш да си имаш доказ дека се известени.
Здраво феминки била некоја од вас овие денови на комисија во Букурешт? Дали работи комисијата?Денеска читав дека системот на ФЗОМ повторно паднал ☹️
Здраво, имам неколку денови стар одмор и сакам да ги искористам на крај на месец, па после тоа да отворам боледување од матичен општ лекар. Дали после боледување од матичен можам да земам повторно одмор, или не е возможно? 45 дена пред термин да отворам породилно ми се мн, па да искомбинирам некако. Искуство?
Можеш. Јас патолошка прекинав па бев 1 месец како на работа па посче 15 дена пред пораѓај си отворив боледување.