Незнам уште колку имаш до крај. Породилно секако во секој момент може да ти отвори. Јас ти кажував ако ти треба друго боледување заради мирување ако не дај боже ти притреба нема да може да ти отвори во рок од еден месец.
Прашувам ама не се знае уште ништо ја имам уште бактеријата ни тие не знает кога би ми правеле серклаж. Многу рана бременост е. Кога и да поправам лежи кажуваат
И јас ти препорачувам да одиш на гинеколог да ти мери цервикс и да примаш терапија. Зошто и ти си рана бременост ко мене
Ако ми направат серклаж ќе сум посигурна. Вака се плашам многу. Барем да издржам да е све во ред до 7ми месец
Ти благодарам на одговорот. Сакав да прашам по завршување на прегледот, се чека многу дури ти го дадат конзилијарното мислење?
А ако земеш извештај од специјалист и конзилијарно мислење од приватна болница, тогаш дали треба матичниот да ти дава упат за државно за конзилијарно? Мене вака ми викаат тогаш, па не ми беше логично.
Ако имаш конзилијарно од приватна болница, тогаш зошто би ти требало од државна. Како и да е мора упат од матичен за да те примат на државно.
Да и мене тоа ми беше чудно... Веројатно сестрата сакаше нешто да ме заматка па ме убедуваше дека морам државно да одам за конзилијарно. Ќе си знам за следниот пат.
Здраво имам конзилијарно мислење од Систина кое ми важи уште 1 месец, сега за наредно продолжување на боледување, стреба да доставам и нов извештај од специјалист така?
Ти благодарам за одговорот❤️ Дали новиот извештај мора да биде од лекар специјалист од Систина, оти и конзилијарното ми е од таму или ?
Јас извештаите ги земам од специјалист од Систина, бидејќи таму идам на прегледи. Не знам дали може од друго место.
Здраво девојки Сакав да прашам дали на некоја и се случило истото што и мене со комисиското, наместо 70% од плата ми имаат само 40 % исплатено и дали знае некој каде можам да се обратам?
Да не си во период кога дел си од фирма а дел од фонд? Ако ти е прво продолжување по 15 денови од матичен