Здраво женски едно прашање, ја исчитав цела тема но едно не ми е јасно. Моментално сум на 15 дена боледување од матичен гинеколог а пред да завршат тие 15 дена треба да се јавам кај специјалист, е сега откако ке земам извештај кај треба со тоа да одам? ♂️
Со извештајот одиш кај матична да ти даде предлог за на комисија. направи си крвна слика, и заедно со предлог и извештај од специјалист одиш на Комисија, за Скопје е во Букурешт 2 3 денови пред да ти завршат овие 15 денови. Даваат 30 денови па уште еднаш истата процедура ти е за 16 денови. После овие 46 денови одиш на конзилијарно мислење тие се на 30денови цело време.
Веќе имам крвна слика поради што имам болки во стомак и половина а сум 27 недела се водам со шифра 047,исто така ми прават проблеми камењата во бубрезите. Ако комисијата ми продолжи уште 30 дена после тоа дали можам да земам една недела од општ матичен лекар и да отворам породилно 45 дена порано?
Тоа матичен прашај дали ќе смее да отвори боледување веднаш или ако имаш одмор користи го. Ако веќе секако сакаш да отвориш 45 денови порано, оди 2 пати со специјалистички извештај и потоа отвори го породилното.
Здраво прво искористив 15дена од матичната и после бев во државна и до букурешт беа моите и имам печати од таму и сега имам 2 извештаи (со 2 копии) едниот ми е од 06.06 до 30.06 и другиот ми е од 01.07 до 21.07 дали треба 2те копии од извештаите да одат кај мене на работа или една на работа една на фондот ? Матичната ми рече 2те за на работа ама тука негде прочитав друго?
2те јас ги дадов на работа зошто мене фирмата ми ги поднесува документите во фонд за исплата, прашај си најдобро кај нив. Ама сигурно ќе им треба и нив примерок
Денес бев на преглед за конзилијарно утре ке ги носи маш ми на комисија и да го продолжат боловањето..Кажете ми кои документи се потребни да се поднесат на работа за да ги достават во фондот за здравство за да земам пари
На 19ти месецов ми е отворено боледување од матичен ,доколку утре не завршам работа со нејзината замена зошто она е на одмор дали ќе можам во понеделник на 3ти да носам мислење од специјалист во букурешт што е точно 15ти ден или ќе ми прават проблем? И што точно се носи во букурешт освен мислењето од специјалист за прв пат?
Јас носев и крвна слика и мокрача што правев и од матичната извештај за тие 15дена што ми биле така 2 3 листови беа и книшката пошто не знаев да не ја побараат
Zdravo mamichki❤️ Sakam da ve prasam neshto, pred brzo vreme stapiv vo brak, da mi kazete shto dokumenti se potrebni za menuvanje do koga imam rok i pritoa da napomenam deka sum na patoloshka bremenost na tovar na fondot, dali treba neshto i vo fzo da smenam/odnesam? Vi blagodaram
Ти треба документ за промена на адреса , лична карта , возачка , пасош, здравствена книшка - сето ова со новото презиме и новата адреса . За во ФЗО мислам дека е најдобро кога ќе ја однесеш новата здравствена книшка да ти удрат печат да си прашаш за со сигурност да ти кажат што и како треба .
Здраво сакам да прашам како е со давање извештај и конзилијарно мислење во Чаир? Колку време важи конзилијарното?