Можеш ако ти заврши породилното пред 30.06. После тоа законски пропаѓа одморот. Освен ако интерно во фирма не ти дозволат и покасно да го искористиш, ама не мораат тоа да го дозволат. Јас одмор од 2018 го користев во ноември 2019 после породилно зошто така се договорив, значи изводливо е, ама ако не сакаат не мора да се согласат на тоа. Прашај си, ако ти речат не може, отвори си одмор после патолошка, па потоа отвори породилно кога ќе го потрошиш одморот.
Тешко максимум ако продолжат до 36та недела. Знам една членка пишуваше дека и имаа продолжено па скоро до пораѓај ама тоа е една во милион.
Мене до 36 та ми ја продолжија и пред два дена отворив породилно. Зависи и од кој град си и како е расположена комисијата . Имаше една членка пишано дека нејзе и продолжиле до крај .
Zdravo , na patoloska sum do 31. Avgust i od 1 sept do 10 sept. Mi prodolzi denes komisijata , posle toa mi bara konzolijarno , dali moze da napravam vo sreda na 30 konzolijarno ili moram na 6 sept sreda? Isto taka sto se prilozuva vo gak na konzolijarno?
Ако е комисијата на 6ти септември ти веќе до 5ти мораш да ги имаш собрано сите документи и поднесено во социјално, барем така е во Штип за Скопје не знам
Мене до 22 недела ме водеа со ризик од абортус .После 22 недела ми ја променија со дијагноза О47 - лажно раѓање .
Ај добар ден. Останав дома на патолошка, 6ти месец сум, ќе може некој да ми каже како иде сега целава постапка, моментално сум од матичен 2 недели, оваа ми е втора, сега треба да земам од специјалист ли? За на комисија како одеше? Трето ми е, ама со првото бев а тоа беше 2016та, не памтам па ни сакала совет...
Не знам што направи, ама консултиран ми е и адвокат и трудов инспектор, ако си на договор фирмата е заштитена, ти не си како бремена, така да ако истече договорот и не те одјават ќе си тераш, ама ако те одјават системски ништо не им можеш. Ова ти го кажувам со 100% сигурност. Ние немаме никакви права како трудници.
Точно, но доколку вработи друг на твое место и тоа како имаш право да го тужиш и да го изгориш Така се зезнаа од просветно дело па си свиткаа опашка
Ако е така зашто инспекторов не кажа дека има дупка? Близок ми е, ми бараше дупки и грешки за да може да ме врати ако ми направи така. Среќа некако се договоривме со газдарица, ми вика ти плаќам 90% сеа и после ако не ти одобрат од комисија чао папа. Кај мене многу лесно ќе вработат друг на мое место. Ако е така имам супер шанса да тужам .
Зошто и од трудова не си брцаат носови сегде мора и они од нешто да живеат на таа што ги тужеше и помогнаа од друга институција за дискриминација на работник не ми текнува точно како беше ама има статија цела пишано и таа инспекторката од трудова си го изела стапот Ако веќе работодавецот нема потреба од тебе не може да пушти оглас и да бара друг вработен, значи тебе автоматски не ти е продолжен договорот ради бременост, а тоа е дискриминација.