Или од фирма ги носат документите или ти сама. Како ќе се договориш,така. Јас решив сама да ги носам секој месец. Доколку носиш сама документи во фзо ти треба: н1 образец (го има на фзо страната можеш да го испечатиш) копија од трансакциска ,иср образец од матичен ,и мислењето од комисија.
Во Чаир не издаваат боледувања до 11 Септември,директорот бил на одмор. Прв пат слушам за вакво нешто. Јас мора да продолжам патолошка. Во понеделник сум на преглед во Систина да им побарам конзилијарно таму ќе ми дадат?
Мене денес ме вратија со овој изговор. Поточно докторот што ме води ми го кажа ова. Кога имаш земено ти боледување?
Каков изговор? 2 месеци по ред бев (конзилијарното им важи 2 месеци нив) а ти треба на 1 месец контрола за извештај. Може да нема доктори за потпис па да ти речат ќе дојде некој да го земе утре зошто сме втора смена ама не е дека не даваат.. не знам сега каде си била и кој те вратил јас кај Димитров одам а прашував за кај други исто 4 5 доктори ми понудија на пултот за информации.
Чекај значи конзилијарното им важи 60 дена јас фактички треба сега да земам само нов специјалистички извештај од Чаир и со истото конзилијарно да идам во Букурешт? Зошто гледам на последното конзилијарно пишува дека важи 60 дена ,ама со пенкало допишале дека е за период ос 17.08 до 16.09. Значи ова конзилијарно уште ми е важечко за со истото да продолжам уште 30 други денови?
Не знам како распар ти дошло тоа го даваат за 2 месеци, првиот ти е заедно со извештајот кога одиш на прва контрола па вториот извештај ти е на 30денови за следните 30. Сега вака комисија ќе ти продолжи само до 16.09 Мене сега така ми направија ми дадоа продолжување на боледување за 27 денови се смеев викам види ги за 3 денови се натегаат поради конзилијарното Инаку 2та извештаи мора да ти се од Систина од каде е и конзилијарното
Дааа. Јас у Систина зимав конзилијарно од прво боледување. Да не треба да идеш порано? Да си го прашаш докторот што те води?
Ќе му речам на Димчев во Систина нека ми даде извештај и конзилијарно и тоа е. Ваљда нема да ме откачи. По приватниве исто се чека неколки дена потписи или одма го даваат конзилијарното?
Remedika koga odev se ceka isto den dva max, za Sistina ne znam. Najveke e toa deka direktor treba da se potpise
Не памтам искрено, мада мислам дека даваат одма. Може некој саат ама мислам дека е брзо. Прашај го, нема да те откачи гарант. Он мене ми беше еден од тие три доктори
Па истиот ден ми го дадоа мене само ми рекоа да почекам саат два , ама бидејќи сум од Скопје не ми беше проблем отидов до дома па се вратив