Здраво дали по завршување на патолошка бременост, наместо да отворите породилно сте користеле боледување од матичен стоматолог? Планирав да користам боледување од општ матичен лекар, ама матичната ми рече не можела да ми отвори, а не сакаше да ми даде објаснување зошто.
Здраво да прашам како оди постапката за патолошка и дали отвараат лесно на комисија? Имам дијагноза секако и др ми кажа да одмарам дома . Фала
Девојки, имам две дијагнози едната е заканувачки абортус, другата ми е од хематологија ( имам историја отворено таму, крв примам ), од понеделник ќе бидам на боледување, е сега крв примав на 30ти август со која шифра е попаметно да отворам боледување. Имам и од Чаир извештај од четвртокот дека морам да мирувам.
@Алек*** Дали сами си ги поднесувате документите или од работа ги носат? Муабетот ми е дали знаете кога се однесени. Мене ми ги носат од работа и знам дека после 01.09 ми се однесени ама не знам кога точно.
Сама ги носам, не ми текнува кој ден беше ама одма штом почна месецот…а иначе за клексаните уште чекам, за нив поднесов на 4ти Август.
Од работа ги носат, но незнам кога се однесени. Претходниот месец, имав исплата на 23 август, но овој месец ептен брзи беа.
Кај мене каснат со носење очигледно, на 07ми ги однеле ќе биле готови во петок дури, исплата пак после 20ти ќе чекам
А јас да прашам кога ќе бидам на породилно ќе земам 100% плата од просек од последни 12 месеци , вклучувајќи ги тие додека сум била на патолошка или 12 месеци пред да почнам патолошка кога ми плаќала фирмата? Кај мене има разлика од основната плата и таа што ја зимам, затоа што работам во недела/празници и ми мења Ве молам доколку некој знае да ми каже.