Девојки, јас се обидувам да разјаснам што треба да правам читајќи по форумов и гледам дека има членови кои навистина се разбираат па би ве замолила за помош. Јас, после успешно инвитро и двете недели од матичната и две недели комисиски, сум моментално на месец дена боледување комисиски. Примив плата за август од фирма. На крај на септември треба да однесам конзилијарно. Дали ДО ТОГАШ или ПОСЛЕ тоа треба да носам документи во фонд - септемвриската плата ќе ми биде на фонд или на фирма?
Првите 30 дена ти се на товар на фирма. После тоа носиш документи во фонд. За да биде поедноставно - мене матичната ми даде еден документ кој го покрива периодот под фирма и после до крајот на календарскиот месец ми даде нов образец за во фзо. После е полесно, ако тераш до крај. Прв ден боледување ми беше 04.04. Од 04.04-03.05 имав еден документ од матичната за првите 30 дена и тој го дадов во фирма и за овој период зедов плата од фирма. Од 04.05-31.05 матичната ми даде друг документ и од тој копија дадов на работа дека им треба за пресметка (ако не земаш плата сепак си вработена) и еден во фзо дадов. На база на тоа ти прават исплата. Се надевам јасно е.
Mamicki dobro e koga ve ima I poiskusni da ne posovetuvate jas na primer vrska nemav kako odi nikoj nisto ne mi objasni samo toa sto mi dadoa od kaj doktorkata toa davav..:/ ama eve ima dobri lugjenca I fala vi
Немам земено ни јас, но бидејќи имам проблем во пресметката на работни саати (тоа открив кога отидов да прашам). Провери дали е се во ред со твоите документи.
Здраво девојки.Одредени работи не ми се јасни па сакам да побарам мислење од вас.До денес сум 6 месеци на боледување.На последната контрола ми кажаа дека можам да се вратам на работа и не ми дадоа ново конзилијарно мислење.Дали фондот би ми правел некаков проблем доколку го затворам боледувањето или ќе морам да отворам породилно (но во закон пишува најрано 45 дена пред термин).а јас имам уште многу време до термин или нема да имам проблем. Исто така ме интересира доколку сте запознати дали исплатата на породилното ќе ми биде 100 % од ( нето) плата или ќе земат просек од последната година каде што ќе ги вклучат и исплатите од 70 % исплатени поради боледувањето ( во таков случај не би било 100 % од плата). Однапред Ви благодарам.
Ве молам за брзо инфо. Дали комисијата за издавање на боледувања во Букуреш почна да работи втора смена, зашто цело лето беа само прва смена.
Леле само прва смена. Боледувањето ми е до утре а матичниот ми е втора смена, ако отидам задутре со еден ден закаснување ќе ми направат ли проблем од комисијата. Ве молам кој има искуство нека сподели
Јас следам кај оние од породилно Им кажале нив среда/четврток така да и кај нас би требало тогаш прва исплата.