Ти благодарам многу на одговорот, само што земав денес од матичната боледување, па следната недела ми рекоа да им однесам извештај за да се продолжи боледувањето па нешто после со комисија. Ве следам до тогаш и известувам. Се надевам дека ќе ми одобрат
Ми се јавија од социјално денес, во фирма направиле погрешна пресметка на платата, вели да беше ок пари ќе имаше на сметка за една недела, сега нема исплата додека не коригираат од кај тебе... Кажувам на сметководителот, се чуди човеков, не знае кај згрешил за да поправи. Ѕвонам на бројот што ме бараа, не креваат за ништо живо... Има некој вакво искуство?
И јас мислев од фирма дека ги носат, си чекам за август септември... Прашав во фондот и сама ги однесов на 9ти окт и на 13ти ми стигна и решението и исплатата за август, а за септ сеуште нема...
Грешка има во работните саати, треба сметководителот да си искорегира и да прати искорегирана пресметка во фонд..
Матичниот обично дава две боледувања едното е за фирма , другото за фонд , барем кај мене така прават.
Да, но јас ги пратив двете во фирмата, едното за во фирма, а другото фирмата да го однесе во фонд. Фирмата ми вели дека ги носат во фондот, а фондот ми вели ништо немало за мене однесено... Па затоа сакам сама да си ги однесам во мојот град, да знаев од сам почеток ќе си ги носев. Сестрата кај матичниот ми рече дека повеќе пати на некои што им ги губеле документите во фондот, тие повторно им го давале документот за боледување. Бидејќи абер нема од исплата, ќе морам да го направам и јас тоа.
Матичната може без проблем ,пак да ти го испринта боледувањето. И од сите документи прави по една,две копии да си имаш во себе за секој случај.
Мила оригинал даваат комисија 2 примероци и матична 2 примероци на работа само по 1 носи им, за во фирма копии си прават и само оригинал во фонд. Така ќе си имаш 1 оригинал примерок за себе да носиш во ваков случај, јас така правам до сега сум немала проблем
Ќе ти даде матичната пак боледување, ќе испринта,печат и имаш оргинал. Не знам што е со фирмиве што прават вакви зезанции. И претходно слушав многу дека се жалат,затоа и од старт почнав сама да ги носам. Најубаво од другиот месец собери си документи ,и носи си ги сама да си скратиш вакви непотребни ситуации.
Така и ќе направам, секако само уште едно ми остана за носење па ќе отворам породилно. А за овие две од претходно ќе побарам нови од кај матичниот друго чаре нема, чекај чекај овие додека си ја префрлаат топката, а документите фаќаат прашина во некој ќош.
Дали тоа значи ако мене ме исплатиле помалце треба да ми дадат плус или не знаеш? Оти мислам дека не ме исплатија доволно.
Уште едно прашање имам до вас, дали ако не ми го средат ова со исплатава ќе имам проблем и со исплата на породилно? Леле се нервирам, едвај чекам вторник да дојде да прашам што направи сметководителов...
Да треба да те исплатат , кај мене кога имаше грешка ми ги пуштија останатите пари од фирмс уште истиот ден
А имаш исплата? Јас колку што знам ако имаш грешка во саати или било каков проблем со документите нема да имаш исплата дури не се среди...да не имаш подадено за повеќе месеци па за тој што е се во ред со документите имаш исплата а за другиот ти бараат исправка на грешката? всушност сатите колку си под фирма плус сатите под фонд треба да се вкупно саати колку што се работни саати во месец и тука бараат совпаѓање
Може некој да ми каже што се пополнува во тој документот што го давале во фонд? Пример дали се пополнува тука колку саати во месецот или нешто друго?