Може се во празничен муд,убаво им текнало Прашај во фирма, од фонд под име на фирма нема шанси да е прилив. Мора да пишува фонд за здравство.
Во понеделник ми завршува боледувањето од матичен гинеколог (две недели поради трансфер). За наредно продолжување ми треба извештај од ивф специјалистот така, не од комисија? И следното боледување е исто две недели, па после тоа ми треба од комисија? Дали добро сум сфатила?
Ете незнаев јас кај нас секогаш накај 15 декември исплаќале и мислев рано е ама сега им текнало порано
Здраво да прашам доколку си на патолошка кога отвараш породилно дали ти се рачуна просек 100% од платите пред патолошка или се земаат предвид и платите кои ги примаш додека си на патолошка ? Фала
Здраво, термин ми е 22.01 а, на патолошка сум до 4.12 даден е предлог да отворам трудничко 5.12 им кажав на работа 2 недели од летниот одмор ќе искористам тоа е до 18.12 да искористам и зимски 2 недели тоа ќе ме фати до 01.01 да отворам така можам?
Имам боледување од вкупно 45 дена до 02.12 (15 дена од матичен и 30 дена од првостепена комисија). Првите 30 дена се под фирма, значи веќе од средина на ноември треба да сум под фонд. Бидејќи сама треба да носам документи, што се ми треба да однесам и дали треба пред 02.12 да однесам или после тоа, фактички откако ќе помине платата за првата половина од ноември? И после тоа би требало пак да ми се продолжи патолошката, значи и натака со секое продолжување ќе треба да носам во фонд или само сега еднаш?
Со секое продолжување ќе мора да носиш во фонд. Ја секогаш претходно носам. И спреми се да не се нервираш каснат многу. Ја две боледувања имам поднесено сега третото што ми е до 9.12 а исплата немам. Ни за клексани ни за боледување.
Треба да си однесеш боледување од матичен, комисиско боледување и таму ќе ти дадат да потполниш едно барање и со тие три документи поднесуваш. Кога ќе пуштат плата од фирма, да поминат три дена и поднесуваш. Мене за 10тина дена ми исплатија.
Едно прашање. Сакам да прекинам паталошка и да тргнам на работа. Ако недај боже се деси да морам пак да вадам ќе смеам? Бидејќи реално нема ислати од фонд а тарапијата ми е премногу скапа, вака барем ќе знам плата ќе земам.
Неможам да најдам незнам колку души прашав и колку пати се јавив. Цело време пуштен е налог очекувајте исплата.
Јасно ми е . Но не се секирај бебето е најбитно. И јас сум во иста ситуација ама ќе издржиме . Звони им пак биди упорна
Абе за тоа бебе да е добро тарапија мораш да примаш. Ај како така имаме некоја заштеда ама тие што немаат и зависат од тоа како? Едно нешто не функционира како што треба
Ако сакаш да отвориш пак во рок од 30денови ќе треба друга дијагноза прашај матичен гинеколог, ќе мора директ да одиш на конзилијарно и комисија ама да може ако затреба.