И ако користиш одмор измеѓу патолошка и породилно се чека исплата за двете во исто време да ги пуштат ?
Очигледно дека не, пошто еве ни пуштија денес пари. Јас конкретно после патолошката користев одмор и боловање од општ матичен, тек денес отворив породилно и денес добив последен прилив за патолошка…е сега за породилно колку ќе чекам ќе видиме…
За последен месец на патолошка ви пуштија? Леле ако има и кај мене баш ќе се израдувам како што си врзав дека нема да добијам прилив од нив до породилно ова е убава вест, баш ќе ве известам ако пуштат деновиве
Здраво, ај кажете ми нешто не ми е јасно. За патолошка, исплаќа фондот и исплаќа 70 % така? И тоа би дошло од основната плата (без бонуси без празници шо е) или од минималната плата колку шо е сеа за сите? Не ми се јасни тие работи..
Ако ти ги пуштаат бунисите заедно со платата, влегува се и бонус и празници. Се што ти пуштила фирмата во последните 12 месеци, 70% од тоа
Zenski seuste nema preliv na sretstva kaj mene...ova mi e prva isplata mozebi treba da pocekam ?... ili samo za skopje prvo pustaat podocna za drugite gradovi
Немам ни јас,али чекам наскоро,од фирма плата земаа на 5 ти,очекувам после 10.12 дена да имам прилив,така беше и претходно кога бев на патолошка. Ќе земеме,не му ја мисли.
Кај мене последните два пати ги пуштаат во два дела, ако на тоа мислиш… пример две третини на едно пуштање и една третина на друго, али во исти ден, исто време, не знам зашто така… битно има пари
Да да, на тоа мислев. Кај мене пуштаат еден дел од плата на пример на 15ти, остатокот на 28ми. И не знам за кој месец ми е, скроз сум погубена..