Не сум 100% сигурна, морам да кажам дека ова е според мои рачуници, ако знае некој подетално нека пише мислам дека тие 90% се од основната плата, а тие 70% кога плаќа само фондот се просек од последни 12 плати.
Јас прашав во нашиот синдикат ми кажаа за боледување 15 дена од матичен + 15 дена од комисија следува 90% од основна плата без додатоци (значи без додаток за минат труд, работа сабота / недела и кај кој какви додатоци има други за пресметка на плата)
Ова ме заинтересира, пошто кај мене бонусите се на сметка, дали имаш искуство дека и таа сума се зема за вкупен просек, па од него се пресметува 70%? Зошто мене ова мнг ке ми значи.
Малку сум збунета од постапкава, вие што се со повеќе искуство ако можете да ми помогнете. Имав боледување од матичен отворено на 27.11. Две недели.Потоа ми даде предлог за комисија. Од комисија ми продолжија пд 12 12. До 07.01. Значи 27 дена. Не ми побараа ни сметка ни ништо. Колку што знам првите 30 дена земам плата од фирма, после ти е денови, значи од 27 декември до 07.01 треба да земам од фонд. Како ке ми пуштат кога немаат сметка? И уште нешто, со дијагноза заканувачки абортус сум после 4то ивф. После ова боледување сум на конзилијарно? Или пак на комисија? Извинете за купишта прашања, мнг работи се насобраа
Велгува во просек се што ти стасувало на сметка од фирмата во последните 12 месеци. А фондот не може никако да ти пушти средства ако немаат копија од транс. сметка така да подобро однеси им и ти оти нив не им е гајле па затоа не ни ти спомнале
Јас кога поднесувам за боледување не поднесувам копија од трансакција туку на самото барање ја пишувам. Види последниот документ од комисија што ти пишува.. ако пишува со контрола си само со извештај а ако пишува контрола и конзилијарно тогаш ќе ти треба извештај и конзилијарно.
И мислам дека ќе те исплатат од 27ми до 31ви. Бидејќи јас бев до 11.10 под фирма а од фонд ме исплатија од 11.10 до 31.10, сега изгледа треба да земам за цел месец ќе видиме
Матичната ќе ти даде две боледувања, тоа што ти го плаќа фирмата е за во фирма, а другото што ти го плаќа фондот е за во фонд + образец еден се пополнува и извештај мислам , јас имам носено и копија од трансакциска.. провери уште еднаш што документи требаше. Плус прашај на работа дали они ви ги носат во фонд или сами треба. Јас сама ги носев во фонд, и среќа што ги прашв иначе ќе си чекав мислејќи дека они ги однеле. Исто битна работа е да нема грешка во исплатата од фирмата твоја, зашто додека не се среди грешката нема пари да ти пуштат пд фондот. Јас лично поминав низ тоа патешествие
Да влагаат и бонусите, празници, недели.. направи просек од последни 12 плати и од тоа 70% ќе ти пуштат.
На извештајот од комисијата треба да пишува наредно што е (дали само контрола или се бара и конзилијарно)
Кога го носев извештајот со предлогот за комисија, матичниот гинеколог ми даде предлог за уште две недели. А комисијата ми одобри над тоа, односно според ивештајот од клиниката до 07.01. Е сега тој документ за под фонд, од 27.12 до 31.12. Е кај мене. Не го носев, не очекував дека ке ми одобрат толку. Од Фонд ми рекоа на наредно поднесување ке однесам и трансакциска. Вчера прашав баш. Барање најверојатно исто нареден пат ке носам. Сега ниту ми побараа ниту ми дадоа да пополнам. Ми стои Контрола на извештајот од Комисија. Значи баш пред тоа сум на контрола и ке го приложам наредниот извештај нареден пат. Инаку не верувам дека од фирмата ке ми ги носат, мислам дека сама ке го средувам ова, зошто книговодителката и така не е мнг ажурна. Фала ви многу на сите. Малку ми е појасно.
A kolku meseci bese na patoloska pred da ti pustat k15? jas od fevruari na patoloska se porodiv pred DVa meseci, I vcera I'm dale na koleskite kaj mene nema nisto pusteno pa se mislam Dali deka poveke od 6 meseci bev na patoloska pa ne mi sleduva Sega...