Барањето го има и на интернет, ако имаш принтер можеш да си го испринташ. Јас ги носев документите чим заврши месецот. Треба фирмата да пушти плата за тој месец, па потоа пушта фондот. Исто така секој месец се носи барањето со другите документи(нови извештаи) доколку планираш цела бременост да си на патолошка.
Јас почнав да не одам на работа од средина на мај, знаеа дека нема да одам до крај но сепак земав к15. Мислам дека и на други им дале што читам во темава наназад…
Јави им се и реагирај. Ти следува к15 како вработена повеќе од 6месеца, тоа што си била на патолошка е небитно. Си можела и со скршена рака да бидеш, пак следува на секој вработен во редовен работен однос над 6мес. Исто е и за породилно, 9мес не си на раб, ама технички си вработен цела година, и пак следува к15.
Девојки дали знаете кој е лимитот на средства за породилно и патолошка? Знам имаше едно видео од девојка што и каснеа со породилно 3 месеци и плус кажа дека имало лимит до која сума, а она земала поголема плата. Прашувам зошто сум на боледување и не знам колку средства да очекувам на сметка. Знам дека патолошка е 70%, породилно 90% ама што ако имаш високи примања.
Лимитот е четири просечни бруто плати за претходната година. Во 2023 година: 4 × 47.637 денари = 190.548 денари. Во 2024 година износот ќе биде поголем.
Ова е мојот извештај од комисија, боледувањето ми го продолжуваат од денес до 16.01.2024год (бидејќи термин ми е 13.02 пишува потоа да се отвори породилно). Е сега прашањето е дали матичниот може да ми го прекине боледувањето со последен ден од боледување да биди 29.12.2023 бидејќи работам во образование и до 14.01 користиме платени работни денови (и не сме на работа тој период)? Дали би било некаков проблем да се прекине, за исплата, за отварање на породилно и слично?
Здраво, да прашам како иде процедурата за добивање на конзилијарно мислење за продолжување на боледување на гак?
Ова е за многу мал број на вработени, само за тие што земаат многу високи плати. Пример: Ако зема некој 300.000 денари плата, нема да земе повеќе од лимитот.
Здраво, дали можете да ми кажете дали некој ги контактирал од фондот на меил за прашање и добил одговор. Не знам каде да се обратам на кој меил матичната ми бара писмена информација правна дали може да прекине патолошка бременост што е одобрена комисиски (зошто патолпшката ми е до 16.01 после има насоки да се отвори породилно а ние во образование од 30.12 до 15.01 колективно не сме на работа)
Мене со првата бременост 20 дена пред термин,и јас мислев дека 45 дена,ама ете можело и порано,тоа беше 2021
Мене ми е термин 13.02 а последното боледување ми е до 16.01 има насоки од 17.01 да се отвори породилно. Така да кај мене е 28 дена порано.