Исто и јас. Мене ме заборавиле од фирма, воопшто не ги пратиле документите во фонд и еве сега денар немам...
Девојки, не сум многу упатена, ако може некоја да ми каже за време на патолошка бременост кој ги плаќа придонесите за мене за пензиско, здравствено осигурување и сл?
Значи од каде добивам плата тој ми плаќа и придонеси, до 30 дена фирма потоа фонд. А што се случува ако надоместокот за плата од фонд ми доцни по 2-3 месеци што често знае да биде случај како што читам по темата(ненавремено однесени документи од фирма за пример)во тој случај ни придонесите нема да ми бидат платени а сигурно има некој рок, можно ли е поради неуплатени придонеси да бидам одјавена и да не ми следува породилно? Може и да е глупо прашањето ама подобро да си прашам кога не ми е јасно
Од фирма ако ти каснат може да има некој рок, ама од фонд не. И да каснат некое време, само долго време си без приход иначе се друго е во ред. Ако имаш проблем со покасно носење документи, носи си ги сама. Нема потреба да чекаш фирмата да ги поднесе и да ризикуваш да се касни.
Девојки, денес кога бев на контрола во клиника докторката ми рече дека првите 2 месеци на патолошка се одело во Букурешт ама после 60 дена т.е после вториот месец требало да се оди на некаква комисија на клиника па потоа со тоа во Букурешт пак на комисија...Некоја со вакво искуство дали има да ми каже подетално Благодарам
Сите на патолошка одат така. После 60 дена за да се продолжи патолошко боледување се оди на преглед кај комисија во Гак, ќе ти закаже матичната термин кога ќе дојде ред за тоа. Најдобро барем 2 недели порано да побараш термин дека тоа се прави само во среда и може да нема термини (ќе ти дадат приоритетен во тој случај, ама ќе се изначекаш). После со тоа конзилијарно мислење пак во Букурешт си поднесуваш за продолжување на патолошката.
Zdravo, imam edno prasanje isto vo vrska so ova. Dali mozam da zemam odmor od firma koga ke zavrsi patoloskata pa posle toa da otvoram porodilno?
Да, на ехо. Тоа е комисија од 3 гинеколози. Да, ако имаш стар одмор поготово, ако не го искористиш помеѓу патолошка и породилно може и да ти пропадне (дека стар одмор важи до јуни следната година).
На 29 поднесов документи за продолжување на патолошката која ми беше до 31.Во средата беше мм да го земе решението и му кажаа неможеме да стигнеме има многу работа дојди во Вторник, денес беше мм му кажаа можете од кај матичниот да го земете решението ради штрајковање, сега бев кај матичен вика на разгледување е сеуште. И сега што да правам до кога да чекам? Немам одговор, ако штрајкуваат тие неможе цела работа да се стопира, аман веќе
Но во тој случај ќе влијае последната исплата на просекот на плати за породилно нели ?? Бидејки одморите трева да го плати фирмата.... значи ќе влезе во пресметката а од фирма сигурно ќе пуштат нешто минимално. ....
11 Дена како чекам и немам одговор од фзо за продолжување на патолошката, мм беше 4пати и секогаш го враќаат дека утре ќе биде готово и не е!! Дали ви се случило ова до сега? Матичниот ми кажува да прашаме дали фали некој документ а истите документи ги поднесовме како и првиот пат и беше одобрено тогаш, јас стварно не разбирам
Здраво, Бремена сум 6ти месец. Моментално сум на боледување заради длабока венска тромбоза. Боледувањето ми е отворено од обичен матичен доктор (не матичен гинеколог). Две недели поминаа и комисијата во Букурешт ми го продолжи уште за две недели (и покрај тоа што во отпусното писмо ми пишуваше се препорачува боледување 1 месец, значи требаше да биде продолжено за три недели според отпусното писмо бидејќи една недела лежев во болница).Кардиологот ми предложи да си побарам паталошка бременост, бидејќи смета дека има ризици за мене. Дали некој знае дали сега матичниот гинеколог (не обичниот матичен доктор) ќе може да ми даде паталошко боледување без притоа да одам на ГАК за конзолијарно мислење? Или бидејќи веќе сум на боледување еден месец морам да одам на ГАК да барам потписи од специјалисти? Дали знаете некој линк на нет каде што можам да најдам повеќе инфо или да пишам некој емаил со прашања до одговорните служби?