тоа и од работа се чудат како можеле да ме исплатат кога не било во ред...дали овсе во струмица бидејки поднесов се направиле некој превид појма немам...ке одам овие денови во фонд да видам што ке ми кажат тие... морам дс ги вратам во фирмата тие 5000, ама се надевав на поврат од фзо ако ја прифатат грешката...
И јас мислам дека не би требало да направат исплата од фонд во таков случај, освен ако не направиле некој превид. Или со платата побарале помалку исплата од фонд, а на нив им одговара. Најдобро е да одиш ти или некој твој, да праша во фондот што треба да се прави. И тоа да прашаш кај службеникот што ги работи боледувањата, а не на шалтер кај што поднесуваш. Па види што ќе ти кажат.
Кај мене немаше вчера мм провери денеска пак му ја дадов картичката на враќање да види до кога треба да има како одат циклусите на исплаќање: Стопанска банка земам јас
предходниот месец за една недела ми пуштија исто со вас мислам задодуша јас дури на 25-26 појдов на банкомат не ни проверив тогаш имаше а сега ми е прв цел месец Ако нема и денеска да прашам треба негде или ?
Не знам што да те посоветувам. Кога пишував на инфо, таа цело време ми пишуваше се е ок и чекај исплата. Јас исплата добив по 2 месеца, дур мм не ја најде одговорната на финансии и таа се заложи - кај мене имало некој проблем системски и од ИТ го решаваа. Најубаво да прашаш некој во канцелариите на фзо во твојот град.
Ќе почекам до 25 ти ако не пуштат ќе видам не ми се хитни парите имам сега засега ама пак сакам да знам дека прва исплата колку ќе биди каок ќе биди заради тоа ми е повеќе
кај мене сеуште нема, а досега идеше редовно...може поради проблемот со часовите..бев во фондот тој што ги работил бил на одмор, и незнаеле дали можеле ретроактивно да исплакаат...наредната недела се врака на работа па ке видиме...
Колку % од плата исплаќа фондот? Некако малце пари ми пуштија денес за август.Имав боледување од 1 до 10.08 од фирма и од 11 до 31.08 од фонд.Платата ми е 23000, од фирма земав 8000 а од фонд 10100. Како се пресметува?
Не. 90% се плаќа доколку отсуството трае повеќе од 21 ден, а ти бидејќи си стасала до фзо, имаш 30 дена континуирани на терет на фирма. Сите тие треба да ти бидат исплатени со 90% т.е. на платата од 23000 мкд, си требала од фирма да добиеш 20.700 мкд т.е. да изгубиш само 2300 денари. Од фзо исплаќаат 70%. Кога ќе бидеш полн месец под фзо ќе земаш плата од 16.100 мкд. Ова под претпоставка дека последните 12 месеци (или 6 ако сега си почнала да работиш) платата ти е цело време 23.000. Ако си имала помала/поголема плата ќе се направи просек од тоа и на тоа ќе се пресмета 70%.
I kaj mene nema a deneska kaj svekor mi komecijalna i toj bese na bolovanje imase pari a kaj mene nema