Би требало да можеш да поднесеш за февруари. Иначе да, треба да пројде плата за периодот пред да можеш да поднесеш, значи за март се поднесува во април. Не ми е јасно зошто не ти ги примиле документите за февруари, ама да не ги видел само датите за март па затоа...
Епа од 05.02 до 05.03 треба да ме исплатат од работа, тоа ми е првиот месец боледување. Денес пуштаат плата (исплата за февруари), а во април ќе ме исплатат за овие 5 денови во март. Ваљда затоа во април ми рече да одам. Во април ќе ме доисплатат за деновиве од март...
Нема врска што се на истиот извештај двата месеца. Мене ми почнуваше боледувањето на средина на месец, значи имаше 13-14 дена во ноември и уште 15-16 во декември. Со истиот документ поднесував 2 пати, редовно одма после пуштањето плата, и редовно си земав исплата околу 2 недели после поднесените документи. За декември уствари имав едно боледување со деновите од ноември, па друго за втората половина. После тоа за 11 дена во јануари уште немам земено иако исто на време се однесени документи.
Незнам мене денес овој ме врати, а се им дадов. Отворив боледување јас на 05.02 преку матичен гинеколог и тоа беше до 19.02 (2 недели). После преку Букурешт продолжено прв пат од 20.02 до 14.03. Па сега ми е од денес продолжено од 15.03 до 03.04. Плата денеска зимам за месец февруари. Со тоа ќе сум исплатена за месец февруари, односно до 29.02. Од 01.03 - 05.03 уште недоплатени денови од работа ќе имам, тие ќе ми ги исплатат во април месец. Затоа најверојатно треба тек после таа исплата во април да носам документи... така бар сфатив.
Кога ја прашав сестрата кога да поднесам документи во фонд ми кажа крај на месец. И јас треба за пола февруари да земам и да поднесам за март ама уште не е завршен месец. Мене од работа ме исплатија за пола февруари. Сега во понеделник сум н преглед и ќе ја прашам пак. Ама последно така ми кажа, дека на крај на месец ќе поднесам.
Епа убаво ми рекле. Нареден месец треба да поднесам. Мене ми е 05.02. прв пат отворено... а платава сега што ќе ја земам ми е за февруари. Уствари ќе си земам плата за февруари и ќе ми останат неисплатени уште 5 дена од март.. кој ќе ми ги исплатат од работа на наредна плата во април. Па тек после тоа ќе поднесам документи во фонд, за да го доисплатат март (тие останати 25 дена).
Mene boleduvanjeto od Bukurest mi e od 07.03 do 21.03, nie od rabota zemame na 15ti, taka da najdobro bi bilo da gi nosam dokumentite posle 01.04 za da ne me vrati ili...
Баш ќе ја прашам сестрата во понеделник, она ми е врв за овие документации. Ги владее И ќе ви пишам тука за чисто да знаете како да терате.
А што е причината што толку каснат ако се однесени сите потребни документи јас минатата недела земав плата од фирма за пола февруари сеа чекам од фонд да ми исплатат за преостанатите денови, дали знае некој ако не сум од скопје дали подрачната служба ми ги пушта средствата или се оди преку скопје?
Здраво, ми стигна ова вчера , вртев на бројов, пишав маил, не добивам никаков одговор. Не ми е јасно што е ова? Инаку на 11 март доставив документи во фзом за од јануар до 13 април, пошто тогаш отварам породилно. До сега не сум земала пари од фондот, треба да земам за фебруар незнам ни тоа кога ќе биде. Однесов толку касно док зашто од фирма ме зафркнаа скроз и ништо не однесле. И уште едно прашање, пошто сум на патолошка имам кредити и триста др чуда за плаќање најдов работа за од дома да работам како непријавена, е сега незнам дали ќе биде проблем ако ми префрлаат пари на сметкава кај што треба да земам пари за патолошка или плата небитно. Ве молам кажете нешто некој ако знае