Мислам дека од фирмата кај што работиш грешка ги имаат изразено часовите во УЈП и треба да се прави корекција. За другото прашање колку што читав не треба да имаш друг прилив додека исплаќаат они, и јас сакав да прашам некој ако знае пример од фирма ако ми пуштат к15 проблем ли е?
Фала ти многу на одговорот. Ке им кажам да си средат. Инаку стварно безвезе ова, мене од раб не ми дозволија да работам од дома и бев приморана да отворам патолошка, и сега зарем и за ова прават проблем Значи не смеам да имам др прилив на пари ? Ништо од работата :/
Зошто К15 би било проблем, кога законски е да се пушти, без разлика дали сме или не на работа? Јас на крај на година ќе имам прилив од К15, ќе ми стопираат породилно ли?
А дали знаеш дали ова моево би било проблем? Сакав некој денар плус да земам пошто можам да поработам некој саат од дома, непријавена нормално, проблем е да ми пуштат пари на трансакциска?
За твоево незнам. Ама прашај за да не си направиш некој проблем. Особено како фирма ако ти пуштаат пари.
За К15 сигурно не е проблем. За прилив со шифра исплата за договор на дело или шифра плата можно е, сепак породилното е боледување, ако се води дека си ослободен од работа заради боледување, не треба да работиш.
Мене на 7 март ми беше пратено решението а на 15 март имаше исплата од фонд. Околу една недела најверојатно
А за исплата во решението имам пресметка колку пари ми е саатот, таа сума ја множам со месечно колку работни саати има за да знам колку ќе ми платат?
Решение за патолошка или породилно? А што ако воопшто не го добијам тоа писмо? На една адреса се водиме три куќи, од кои едната е комплет луда фамилија и може да не го добијам.
Не сум во тек со решениево? Јас на 11 Март доставив сите документи за патолошка, и сега треба да чекам решение да ми стигне па тек после ќе ме платат? Сеуште ме немаат платено нити сум добила решение, нити некој спомнал такво нешто.
Ако имаш носено во Ск, одговараат за една недела. Ако си во друг град поспори се. Мене веке втора исплата месецов ми беше околу 15ти. Ако носиш док за прв пат, понеделник ако нендобиеш писмо, оди до Фонд и провери си да не има некоја грешка за исправање во книговодство.
Писмото е за твоја информација. На него стои и колку ти е саатнината. Но ако нешто треба да исправа сметководство исто ке ти стаса писмо. Е тоа ти е важно да го примиш за да не чекаш за џабе.
Да од Ск сум меѓутоа ништо ми нема стигнато, ми стигна некое писмо од фирма утнале саати и треба да се сменат али ова е за месец јануар, мене од фонд треба да ме платат само за пола фебруар и март. И сега треба да чекам ова да се среди па да ме платат?
Да да, дури тоа не средат нема да ти пуштат пари. Кај мене грешката беше во ноември, а требаше за декември да ме исплатат
Здраво, сакам да прашам во врска со патолошка бидејќи ми е прв месец а на извештајот ми пишува после 18.04 да започне со работа. А мене од работа ме принудија на патолошка. Дали може да се продолжи доколку пак однесам документи пред да ми заврши боледувањето. Дали некој има искуство
Ако си 45 дена пред термин, нема веќе продолжување на патолошката. Можеш од општ матичен да земеш некое друго боледување со дијагноза неповрзана со бременоста.
Со каква дијагноза беше пратена во Букурешт? Мене на првиот извештај ми пишуваше да се јави со контрола, а на вториов со контрола и конзилијарно мислење.
Крварење во рана бременост имав дијагноза и конзилиарно мислење. 12 недела сум имам уште многу. Од Тетово сум