Не е поврзано со банката. Тоа само за пензиите има врска, за ова не Најубаво да се јавите и да прашате - кај мене кога немаше, реално имаше проблем кај нив во систем некој кој мораше да го решаваат од дирекција (ИТ), а не од ПО кај Црвен крст.
И на мм така му велеа За мај пари добив на 20+ август. Почекај некој ден, ако не нека појде мт кај Анета, шеф на финансии. Мм вика многу била љубезна и само таа заврши работа.
Абе, многу е чудна оваа државичка. И овие органите се ептен за никаде, не знам што да кажам. Мене август ми е прв месец под капа на државата, добив исплата на 13.09.2017 (кај мене во фирма даваат плата пред време, пред да заврши месецот) Од 13 до сега има скоро 2 недели, не знам што чекаат со вашите исплати. Сега се слушнав со сметководителката, рече дека за ден два ќе помине плата за Септември, и ќе однесе во Фондот. Била пред неколку денови, ама и ги вратиле, и рекле од како ќе поминете плата за месецот, тогаш носи ми ги документите. Образложение од вработените во Фондот: "Ќе ги забутаме, потоа ќе се брзате, ќе барате исплата"
Девојки, кажете ми дали со конзилијарно мислење се добива исто само еден месец боледување и дали секој месец треба ново конзилијарно да вадам и да носам во Букурешт?
Неможеш само со едно конзилијарно мислење. Треба пак да извадиш, само незнам на колку време ти е. Види на него што пишува.
@kukla21 @iloveyou29 @eli25 ви благодарам девојки на одговорот - јас го дадов документот да ми го однесат вчера а не знаев дека и таква информација имало на него така што не знам што пишувало, но ќе прашам тогаш во болница, они ќе знаат. Фала уште еднаш!
Конзилијарното може да биде со вежност еден или два месеца пишува на него. Но и ако важи два месеца комисијата ти дава само еден месец боледување, па потоа со истото конзилијарно и нов предлог од матичниот, комисијата ќе ти даде уште еден месец и конзилијарното ке ти го задржат таму.Мислам дека ме разбра, која недела си и до кога ќе бидеш на боледување
@kukla21 ти стигнаа пари за Клексани?? Мене денес, значи за 23дена Во вторник ќе пуштам за 120, абе ќе се опарам во октомври