По колку време доби исплата од фондов после платата? И кои документи сама ги однесе во фондот освен тие од специјалистите?
Поднесов неколку дена после плата, ми кажаа прво да се помине плата од фирма па да ги однесам документите. Откако однесов за некој ден добив решение на домашна адреса, па за една недела исплата од фондот. Не сум од Ск, ако си од Ск може е поголема гужва па да доцнат. Доставив боледување од матичен гинеколог, барање (го има во фондот и мислам на нивната страна), копија од трансакциска сметка и конзилијарното мислење.
Боледувањето од гинеколог (тоа првото) не треба да се однесе? Јас сум од 5ти фев на боледување од матичен гинеколог, потоа веќе продолжено ми е 2 пати преку Букурешт, наредно со конзилијарно ќе го продолжам... дали сите документи треба да ги носам што ги имам од почеток?
Епа мене сметководителката ми рече откако ќе поминат плата, дека тие ќе ги однеселе документите во фондот и така ќе добијам бројче некакво.
Јас првенствено отворив боледување од 15.01, нели еден месец на товар кај што работам и од 15.02 веќе ми исплаќа фондот. За јануари првото боледување го доставив само во фирма затоа што еден месец они исплаќаат, за февруари добив боледување од гинеколог во два примероци од 01.02 до 29.02. Едниот примерок пак во фирма а другиот со останатите документи што ги пишав во фонд. Иначе последното конзилијарно го дадов само за исплата, тоа ми го бараа, мада што носев и специјалистички извештај ама ми го вратија. И да носиш се што не треба сигурно ќе ти вратат Па да по правило ти треба да ги доставиш документите на работното место па они да трчкаат да носат да средуваат, ама како што читав низ темата некои чекале по 2-3 месеци исплата од фондот бидејќи не се замарале од кај нив на работа и не ги носеле документите во фондот на време, така да си одлучив сама да си носам барем да добивам пари на време, се зависи со колку одговорни луѓе работиш
Јас однесов док во фонд за пола фебруар, март и за април, за април однесов само за до 12ти пошто после тоа отварам породилно. Е сега кај мене од раб не ми однесоа никакви док со тоа што сама ги однесов сите овие док на 11ти март, однесов и за тие 12 дена од април, овде читам дека се носеле од како ке пуштат плата од фирма? Дали е проблем ја што однесов порано за април, вработената ништо не ми кажа, се си беше океј? ... Е сега кај мене уште нема стигнато пари пошто утнале нешто од кај мене од фирма и сеа треба да се поправат саати, сметководителката наводно отишла у четвртокот за да ги среди саатите, после колку време јас да очекувам да ме платат? Многу гњавење а без пари сум од фебруар, хаос невиден
Во слична ситуација сум. Треба да ме исплатат од работа за февруари, неколку дена од март па да поднесам во фонд. Мене ме вратија од фонд. Треба вика чисто да е се, исплатена да си од работа и да поднесеш документи. И кај мене нешто е згрешено, плата за февруари сите земаа на 15ти март, а јас уште ја немам таа плата. А треба таа да ја земам, па сега месецов од оваа ќе земам за деновите од март.. па тек ќе поднесам документи. Вријам јас иначе, ништо никој не ми кажува што е со платата и до кога ќе ја чекам. Ако се тоа месеци? Како јас ќе поднесам во фонд???
Незнам стварно што се дешава, неколку пати пишувам во темава и све само нешто плус ми искача, пари никако да видам и незнам ни кога ќе видам, може и ќе се породам ја уште пари не сум зела, ќе живееме од воздух
Да бе, безвеза. Јсс за Февруари зедов плата последната недела од Март и тоа зс 7 дена само, пари шо да ти кажам На 1ви Април сметководителкава ми рече дека ќе ги однесела документите во фондот. И сеа за Февруари ќе си чекам исплата од фондов за Велигден. Добро е воздухот бесплатен ни е
Девојки од вчера не можам да ги добијам на телефон во Букурешт. Да не знае некој буквата "К" која смена е?
Дали некој знае каква е процедурата за нас што сме на патолошка и уствари отворено ми е веќе породилното 45 дена пред термин, е сеа дали ако не се породам до терминот треба пак нешто документи да се носат на комисија или како оди тоа?
Додека не се породиш ништо не се прави. После пораѓајот до извештајот од болница ќе отвориш породилно кај матичен гинеколог и тоа ќе го поднесеш во фонд за да почнат да ти исплаќаат породилно.
На мислењето од комисијата пишува да се отвори породилно на 08.04, тоа ми е 45 дена пред термин, терминот во мај ми е. На 8ми ли треба да отворам или кога ќе се породам? Ништо не ми е јасно сеа
На 8ми можеш да побараш само потврда од гинеколог, ако ти бараат на работа. Иначе официјално породилното, документот за боледување со почетна и завршна дата не можеш да го земеш додека не се породиш. И на него почетна дата ќе биде 8.04 иако ќе го земеш во мај.
Конечно добив одговор од сметководителката на работа, ги средила саатите за фебруар минатиот четврток. Кога да очекувам пари да ми стигнат за пола фебруар и март?