Sabajle bev kaj maticnata mi kaza deks prvo ona otvora od niv 2 nedeli boleduvanje pa posle me praka na gak ili bukurest na komisija
Прво она две недели, па те праќа на Гак за уште две. Па носиш док. на комисија. Првиот пат кога ќе завршиш на комисија уште еднаш кај специјалистот на Гак, па после ќе ти пишат контрола со конзилиарно. И така секој месец. Ќе запазиш на тоа дека само среда имаат конзулиарно, освен ако е неработен ден , тогаш е вторник. Пази на тоа, за да не го прошуштиш терминот. Они од Гак се јавуваат ден пред тоа, ама имај си на ум.
Мене ми стигна решението за патолошка, 114 денари работен саат пишува. А исплатава не ми се совпаѓа со то..
После прво поднесување, за колку време ве исплатија? Дали прво решение ќе чекам, па после исплата? За 25 дена од март поднесов сега на 17ти април.
Правилно е прво решение па исплата, но според искуства пишувани тука, некои воопшто не добиле решение.
Ве молам за мислење. На боледување сум две недели од матичен гинек. И спомнав за патолошка, ми даде упат во Чаир следната недела па да одам кај неа со резултатот. Која е процедурата да ми објасните за понатаму. Каков преглед ќе имам во Чаир?
Преглед од специјалист, кој ќе ти продолжи уште две недели. Па ќе носиш на комисија. Па кај кај специјалистот ( ќе запазиш дали ти пишува само Со контола, или контрола со конзилиарно). Ако ти е само контрола пак кај специјалист, ако е со конзилиарно, на Гак , Чаир мислам дека немаат конзилиарно. И така ќе си тераш секој месец.
Фала ти многу. А дали можат да ме одбијат на пример да пишат во Чаир дека е се ок? Матичната ми пиша заканувачки абортус во боледувањето.
Од жени што ги знам, не сум чула некоја да вратат. Ова за Гак. Незнам искрено како е процедура во Чаир и еве од тебе првпат слушам за боледување во Чаир да пратат. Кај сите е шифра за заканувачки абортус.
Бев кај специјалист испратена со упат од матична и ми даде плус две недели болед и со тој документ матичната ме праќа на комисија во Букурешт за продолжување на тие две недели. А јас таа во Чаир ја разбрав дека за овие две недели е толку само кај неа, па матичнава кога ми даде упат за ваму ме збуни. Таа ли е процедурата? и дали за наредни две недели треба пак на Гак или Чаир па Букурешт на комисија?
Како што ти објаснила матичната така. Сега со извештајот од Чаир (од кај специјалистот) се враќаш кај матичната, ти изготвува еден документ кој го носиш во Букурешт. Потоа од Букурешт со документите, пак се враќаш кај матичната.