Значи во тој случај ќе користам стар одмор во јуни, па после боледување од општ матичен. Можеше 15 дена од општ матичен со дијагноза за вироза беше?
Мене денес ми дадоа точно 45 дена пред термин. Од 18.05 до 03.06 ми е последново боледување од 04.06 треба породилно одсуство
Мене ми дадоа 28 дена пред термин.И во првата бременост и сега. Термин ми е 22.06,а породилно од 25.05.треба да отворам. Последно боледување имам одобрено од 01.05 до 25.05. На Патолошка сум од прв ден на бременост. Не сум од Скопје,ако нешто значи.
Искрено не знам, еве и на друга членка што не е од ск и дале некој ден плус. Јас отварав закон и таму така стои за паталошка, и башка се консултирав. Како и да е супер што ти дале така обочно 28 дена пред термин е за нормална бременост можност за отварање на породилно. Уживкај си
И јас планаирам нешто така, стар одмор и боледување од општ. Инаку дали стариот одмор мора да се искористи до 30.06 иако сум на боледување од декември?
Може лошо се изразив,стариот одмот дали може да се користи и после 30.06, бидејки по закон мора до 30.06 да се искористи, но ми се чини имаше некои отстапки за подолготрајно боледувавење па да може да се користи и после тој рок бидејќи имам 12 дена стар одмор, а боледувањето ми е до 19.06 па ќе ми останат/пропаднат денови.
Сега читав, ако добро сфаќам може следната година? Стварно не знам... https://kariera.mk/article/5822/ima...iot-odmor-eve-koja-e-vashata-zakonska-obvrska
Зависи до фирма кај мене мора да се искористат до 30.06 ако не после не важат. Треба да прашаш како ву е точно кај вас
Ако сакаат да ти излезат во пресрет секогаш можи кај нас во фирмата каде што сум обично дозволуваа и да си оставиш една недела стар одмор и да искпристиш во Јули или Август со предходно договарање а во предходна фирма каде што бев шефицата имаше едно правило стар одмор до крај на Мај можевме да користиме и толку што реално не беше точно по закон како што знам е до 30.06 ама секоја фирма различни правила..и оди после расправај се
Мене ме бунат овие 45 дена пред термин (па и тие 28, 30 итн). Мора да се отвори породилно ако си на патолошка точно или кога ќе заврши патолошка боледување ете може да се користат денови од одмор па да се отвори?
И мене ме буни истово. Се надевам дека може да се користи одмор. Јас имам 9 работни од стар одмор... па не се малце тоа...
Јас цел одмор годишен од 20 дена имам Во образование така го даваат, наеднаш на сите оддеднаш... и незнам дали можам воопшто да го користам порано или подоцна.
Нема врска што е одмор од 2024та? Ќе можам во 2025та да го користам? Дека еве гледав од минатата година документот пишува одмор за 2023та во траење од 20 денови и си пишува кога почнува, кога завршува... значи и овој одмор е за 2024та..
Чек сеа ме збуни... Кога беше одморот јас бев на породилно, после кога заврши породилното (ама истата календарска година) го користев одморот. Не знам дали има врска што се во истата година, сепак прашај на работа. Не би требало заради мајчинство да ти пропадне одморот, не ми е логично.
Пропаѓа ако си била на боледување цело време. Пример имаш 10 дена одмор од 2023 што сакаш сега на пролет 2024 да си ги искористиш (што законски можеш до крај на јуни 2024). Остануваш трудна во мегувреме и сега поголемиот дел од 2024 си на патолошка. Деновите пропаѓаат. Одморот од 2024 може да се користи до јуни 2025, па ако ти заврши породилното до тогаш, може да си ги искористиш после породилно. Ако си на породилно до јули 2025, тогаш одморот мора да го земеш меѓу патолошката и породилното, иначе исто ќе ти пропадне.