Не треба ништо плус кога ќе заврши породилното, си имаш крајна дата на извештајот. Одмор ти следува за оваа година, од лани ако ти останало нешто тоа пропаѓа после 30.06. Слободно можеш да бараш одмор одма после породилното, од 5.08 и покасно да почнеш со работа.
Здраво, за конзилијарно мислење од Систина, треба ли да се јавам порано да кажам дека ми треба, или може сега кога ќе одам на преглед да земам директно?
Od lani iskoristiv i leten i zimen pred da go otvoram porodilnoto a sega treba da koristam nov leten od ovaa godina
Мене изгледа не ми следува. Отпосле не сум можела да го користам, дека на 1г договор сум и на 31ви август ми завршува. А колегијален е, незнам ни порано дали можам да го земам. Не ми одговори на тоа прашање секретарката..
Девојки дали некоја од вас има скратено паталошка, односно последниот месец од паталошката со цел да се искористи стар одмор (согласно закон до 30.06) заради разликата во плата?
Мислам дека да,не сум сигурна,нека каже некоја повеќе упатена во таа проблематика. Стаж/ Денови ќе има,ама ќе влијае на висината на пензија мислам.
Како би влијаело на стаж и пензија? Тоа е како да си на боледување од некоја операција пример и да ти скратат од стаж или пензија. Патолошка по закон треба да е 100% платена, ама кај нас си ја водат со дупки и не водат како класично боледување и исплата 70% плата. На нас во секој случај ни се платени придонесите кон државата.
Ако имаш негде според закон прочитано баш сподели да видиме и знаеме. Пензија ни е далеку на сите, за 30 години од сега може и на 70 години ќе изглсаат да идеме. Ама еве татко ми неколку пати беше доооолго ама баш доолго на боледување и зима пензија поголема од платата. Просек му вадеа.