Јас уште немам исплата за јуни месец. Ќе морам сега на пеколов 9ти месец трудна да се тркалам до таму
Ај ве молам тие што сте биле на патолошка, па сте отвориле веднаш трудничко.. да ми кажете како и кога ви го исплатија тој последниот месец пред трудничко? Не ми е јасно, чекале да поднесам нешто (најверојатно кога ќе се породам), па да ми го исплатат и последниот месец...
На патолошка бев до 11.01 и одма на породилно. Тие 11 дена од патолошката и 20 дена од породилно за јануари и породилното за февруари, се стигна во еден ден откако поднесов документи после пораѓај.
Нема да има... последнава исплата оди најверојатно со трудничкото заедно. Бар така и на меил ми објаснија, исто како што и @Spidy рече...
Заедно оди да. Мене 25 дена од мај месец од патолошка,6 дена од породилно од мај месец исто и цел јуни породилно во еден ден имаше исплата,во различни ставки,во јули имаше исплата.
Е арно, да се помирам бар да не чекам. Само проверував сметка ко луда и чекав исплата. Ќе им се радувам на парите значи тек септември (пари за патолошка и две исплати трудничко за јули и август) Почеток на август ќе раѓам.. Тенкју..
Здраво женски. 16 недела сум бремена, и оваа бременост од сам старт по препорака на матичсн гинеколог ја водиме како патолошка бременост. Еднаш веќе го поминав кругот матичен-државна-комисија букурешт, сега дојде на ред повторно. Поради жештиниве и самото чекање на клиника , би сакала сега да одам со извештај од приватна клиника, систина или ремедика. Е сега , има ли некоја што одела на комисија со мислења тже извештаи од приватни клиники и дали треба при самото закажување да напоменам за што ми треба преглед или ? Малку сум збунета , ќе ми значат одговори и искуства. Фала ви.
Јас одев преку Ремедика. Тој доктор што ме следеше и што закажував контроли кај него ми даваше извештаи. Не мора да напоменуваш унапред при закажување на преглед дека ти треба извештај или конзилиарно. На прегледот ќе кажеш, моментално го прават. Конзилиарно може треба да почекаш пола час, ама некогаш и тоа е одма. Јас обично закажував контрола една нед (7-5дена) пред да треба да продолжам конзилиарно, обичен преглед.