Што да правам ако нема термин за конзилиум на ГАК? Прво матичниот викаше не се пуштени, сега дојдовме до степен кога нема термин.
Наводно тврди дека приоритетен не може да се креира за овој преглед. Не знам дали можам да одам во Чаир на комисија, не знам што да правам, последен конзилиум ми е овој.
А зошто штом се вратиш од комисија , не ти фаќа одма нов термин? Иначе може да ти даде приоритетен упат. А можеш и во Чаир, ама таму мислам за 2-3 дена идеш да го земеш. Имаше една членка идеше во Чаир, ама не ми текнува која беше.
Може, јас сум земала од иста причина. Само место термин ќе чекаш после сите закажани, ама исто ќе си завршиш работа како и обичен термин.
Па ете, не биле пуштени термините кога носев документи од конзилиум. Приоритетен вика нема, не се креира за комисиски преглед. Ќе пробам во Чаир.
Ако немаш друг избор закажи си преглед ехо во приватниве болници и со тоа добиваш и конзилијарно за 15мин како што одам јас во Ремедика.
Денес беa да ми продолжат по втор пат во Букурешт , мислење од специјалист од Систина има со шифра 0.20 заканувачки абортус, 17 недела и продолжено е боледувањето само 13 дена ????? Има некој такво искуство со комисија ? Од 27.07 до 09.08 нема ни 15 дена, не ми е јасно...
Зошто таа шифра важи само до одредена недела. После треба да ти пишат ризик од предвремено породување.
17 недела е рано според мене за ризик за предвремено породување. Зарем ни матичниот , ни систина немаше да го знаат тоа ? Негде прочитав дека и др иделе со таа шифра до 20 и некоја недела
Jas ednas bev so proiriteten isto nemase termini i si zavrsiv rabota.Mora da moze samo nesto te mafta izgleda tvojava maticna
Јас одам во Чаир, земам упат од матична од денес за утре. Некогаш има многу гужва, зависи, те прегледува специјалист и носиш извештајот на шалтер. За 2-3 дена е готово боледувањето со три потписа и носиш во Букурешт, таму истиот ден е готово.
Како е процедурата за отварање на патолошка? Од работа кај мене се идиоти па сум принудена да отворам патолошка, или евентуално ако нејќат да ми отворат треба да дадам отказ, друго чаре нема. Да не ви објаснувам што како, долга е и широка. Ако не ми дади матичната да отворам дали во приватниве клиники даваат?