Женски едно прашање. Кога си на патолошка, земаш плата од таму каде што си вработена 70% и плус патолошката или грешка сум сфатила?
Само 70% од фондот. Од работа земаш само првиот месец кога ќе почне боледувањето, понатака не. Така е за секаков тип на боледување.
Ќе ти пишува на извештајот од комисија да се отвори породилно. Ако ти е пример до 25.08, од 26.08 отвараш трудничко кај мат гинеколог. Е сега можеш да користиш одмор, друг тип на боледување.
Никогаш ниту една трудница не иде на комисија. А ако на некоја побарале е само едно тестирање дали навистина е за боледување. Некоја имаат викнато?
оо епа супер штом ќе пишува. Да, тоа и за одморот гледав. Пишувам одмор па породилно? колку мес трае породилното за нас на патолошка?
Исто е 270 дена. Само затоа што го отвараш порано, пред да се породиш, може да ти дојде многу помало бебето кога ќе треба да сс вратиш на работа. Со првото дете не бев на патолошка, и имав многу одмор останато, на работа се вратив точно кога наполни 10мес. Со второво после патолошка отворив породилно 6 недели порано и немам одмор, ќе ми заврши кога бебе ќе биде 7ипол месеца. А породилното за двете ми е исто.
Ја навистина се зачудив. Дојде сопругот и така ми рече дека му рекле од како зел таму бројче за ред како секој пат. Ја сум више 32.недела, не знам зошто сега би ме повикале освен ако не е во прашање отварање на породилно. Затоа прашав да ли има некој вакво искуство или да ѕвонам кај матичен гинеколог и да прашам што може да е. До сега сее си беше во ред со боледувањето и документите. Плус да додам дека сум бремена со близначиња после петто инвитро и да се водам како ризична бременост, ако дошло до тоа мене да ме тестираат.
Никако идење. Ќе каже мм дека си високо ризична. Во секој случај до 34 та даваат боледување, после отвараш трудничко. И бројче за ред? Не иди никако.
Даа, таков систем е. Зборев со една пријателка од Фонд и исто ми го рече, идење не,само сопругот ќе каже дека си инвитро и лежиш. Иначе, последно време вака сите ги повикувале да ли поради некоја замерка или не знам што, али демек на сите така кажувале.
Јас скоро сум со отворено трудничко , не му рекоа на мм да идам јас. А цела бременост патолошка ми беше. Ако отидеш ти или било која, ќе кажат ааа па ти способна си да се движиш и ќе прекинат боледување. Баш ме интересира дали и некоја друга членка има ваква ситуација?
Minatiot mesec tie od komisija I se isponasaa na edna trudnica sto bese na komisija I rekoa kako si dosla a treba da miruvas I rekoa uste ednas ako vidat tamu trudnica nema da I prodolzat bolovanje
Па и ја истото го помислив и затоа реков чекај да се распрашам, ми беше сомнително. А цела бременост сум на патолошка и до сега се уредно е со документите. Ако има некоја членка слична ситуација нека пише баш. А ја едвај чекам да видам каква одлука ќе имаа за понатака..
Па нормално. Тоа и го зборев тука дека ако видат трудница, ќе си направи проблем. Секоја има некој што во текот на две недели дали попладне или од сабајле може да и однесе док.
Така читав и ја, али матичен гинеколог многу ме буни и ми вика повеќе ќе добијам пошто во документи е побарано до 20.сеп… Не сум паметна .