Бев на преглед на Гак мојата докторка не беше на работа и замената ми ја сменила дијагнозата од 47 лажно раѓање во 34.8 нормална бременост ,а задутре сум на конзилијарно бидејќи се водам на патолошка.Сакав да прашам дали матичната може да ми ја врати 47 дијагнозата ?
Јас денес бев на Гак,само што се вратив и дома видов дека ми го сменила таа а со сукрвица сум и под терапија цело време.
Здраво женски, На последниот извештај од Букурешт ми пишува контрола на 10ти , бидејќи се неработни денови, денес попладне ќе земам мислење на специјалист и петок да отидат моите во Букурешт за продолжување, ама нема да стигнам во петок да се вратам кај матичниот. Дали кај матичниот може на 10ти или мора истиот ден ?
Под кои се услови следува патолошка бременост и кој ја установува односно кажува дека жената ќе биде на патолошка? Освен во тие случаи каде е неопходно да е во опасност здравје на мајка/бебе, дали жените кои се во поодминати год на бременост 35/36 можат да отворат...Со матичниот гинеколог треба да се разговара ова?
Женски здраво, Дали во букурешт секој ден се сите букви само поделени сабајле попладне. И ако имате број да ми дадете?
Тебе ти е битно да си добро поврзана со датуми од Букурешт. Кај матичен не е страшно. Ќе идеш друг ден за нов термин.
За продолжување на боледување сум утре Чаир, дали само боледувањето од Букурешт ми треба да го приложам или од матичната? Од матичната ми е на работа.
Пишав и во друга тема, ама овде со искуство ве има за породилно. Ми профолжиле боледувањето од Букурешт на пола месец и пишале да отворам породилно после тоа. Па која е процедурата?
Здраво, На 23 ќе земам извештај од специјалист и на 24 ти треба да го однесат во Букурешт, боледувањето од мат. гинеколог ми е до 25ти. Матичната ми рече да не ја поминам таа дата од 25ти. Ова со буквите не ми е јасно а прв пат носам. Сите букви се секој ден само дали сабајле или попладне така ? И дали одма на 24ти кога ќе однесат ќе ми биде продолжено или се чека нешто?
Сите букви се секој ден, на една недела се менуваат. Добиваш одговор во истиот момент до кога ти продолжуваат
Ako nesakas tolku rano da go otvoris i imas odmor dali mozes da go koristis odmorot bezrazlika sto taka pisale od Bukurest?
Mene mi rekoa deka moze, jas imam ostaveno odmor i mi rekoa boleduvanje samo ne razbrav dali od opst maticen ili ginekolog maticen.
После патолошка можеш да користиш одмор пред да отвориш породилно. Боледување од гинеколог не, само од општ со дијагноза неповрзана со бременост.