Исто и јас прашував матичнста ми кажа ако еднаш ја прекинеш патолошката нема шанси пак да отвориш. Боледување ке можеш само од општ матичен 15дена.
Ако ја прекинеш по своја желба, не можеш пак да отвориш. Ако ти го прекинат заради подобрување на состојбата, а понатаму се јави друг проблем, може да се отвори пак ама со друга дијагноза. Ама хиперемеза може да ти се повтори, особено во трето тромесечие, така да би ти рекла да не ризикуваш да го затвораш.
Да ве прашам ако некој знае да ми одговори јас сум на патолошка,од 17.06 прво од матичен 15 дена потоа продолжив специјалист конзилиарно и сум под фонд.До сега имам две исплати од фонд и поднесено документи за цел септември а од фирма последниве два месеци ми пуштаат по 5555 денари.Не ми е јасно зашто не дека ми шкоди
По грешка ти пуштаат од фирма. Тоа да не е сума на последна исплата што ти била од кај нив? Мене ми пуштија така, ама им се јавив да повлечат декларацијата од УЈП за да не ми направат проблем некој, бидејќи ти автоматски добиваш исплата од фонд, а паралелно фирма ти исплаќа плус пари. Јави се во фирма и кажи им.
Баш е зезнато ова. Ич не ми се седи дома ако сум генерално добра (и бебето, се разбира). Не знам ни на кој основ би ми продолжувале боледување, еве кога би отишла на ГАК кај специјалист што после нели треба да ми даде извештај за во Букурешт... немам што да кажам, веќе не повраќам, не сум најенергична нормално ама не сум па ни веќе врзана за кревет. Ајде ќе размислам уште некој ден Фала ви!
Здраво девојки имам ве молам за одговор доколку знаете На 17.09 извадив прво боловање од кај матичната гин вчера бев на комисија ми одобрија решение да не одам на раб до 31.10 Е сега сакам да прашам дали до 31.10 треба фирмата да ме исплати оти после на 31.10 треба пак на контрола да одам Како оди постапката за добивање на 70% од платата
Дали те исплатија за август? Јас им пишав меил, ми вратија да си следам на сметка, налогот бил во спецификација за исплата... ама еве уште абер нема
Затоа јас секој месец сама си носам (иако ми се понудија од фирма да ми носат ) и си имам навремено исплата цело време.
Здраво женски, последното продолжување на патолошка ми е до 13.11, со тоа што термин ми е 27. 12 ( 45 дена пред термин како што е ред ) . По оваа пресметка испаѓа август негде завршува породилно, па би сакала совет дали ми е попаметно во тој случај одморот од оваа година да го отворам веднаш после патолошката, па откако ќе го искористам да отворам породилно или по завршување на породилното? Страв ми е ако го оставам за по завршување ( август 2025 ) нема да има можност да се искористи со оглед на тоа дека стари одмори се користат заклучно јуни ?
Одморот од 2024 да си го искористиш сега, колку и да имаш денови, сите искористи ги. После породилно ако сакаш ќе користиш одмор од 2025.
Mene mi e patoloskata do 15ti,a preostanatiot odmor od rabota mi go odobrija od 16 do 05.11.Termin mi e 29.11 Se mislam i edna nedela od maticen posle toa da zemam.Se da se iskoristi
Моментално сум на патолошка при крај негде од кај 16.11 треба да отворам породилно нели 45 дена пред термин. Кажете ми дали имам можност наместо породилно да земам одмор од работа пример две недели кој во секој случај би ми пропаднал ако не се искористи или втора опција да земам боледување од општ лекар барем две недели и во тој случај и во првиот и во вториот случај како ќе сум исплатена ,дали до 16.11 ќе ме исплати фонд и колку посто и остатокот дали фирмата и колку посто