Imam 15 dena za isplata za oktomvri posledni denovi patoloska.Dali tie kje mi bidat plateni redovno kako sto zimam na dve nedeli od podnesuvanje dokumenti ili pak so prvoto trudnicko ?
Како се со смени на буквата Д оваа и другата недела, знае некој? Вртам на бројот не можаж да ги добијам.
Ова изгледа кај секој различно. Мене последниот месец од патолошката, ми го исплатија регуларно. Кај некои со прво трудничко. Јас од 01.08 отворив трудничко, а на 10.08 имав исплата од последен месец патолошка.
Девојки сакам да ве прашам дали во ова барање има обврска нешто да пополни фирмата каде што работам т.е. ме буни она што почнува од под број 2 Од овластено лице
Извини од каде ти е ова барање, кога се носат документите во фонд само се доставуваат или треба плус непто да се пополни. Благодарам многу ако знаеш би ми значело. Сама ќе ги доставувам , нема да ми ги носи фирмата.
Ова барање е од фондот ти го даваат таму кога одиш документите да ги носиш. Од страна на документи треба во оргинална форма извештај од кај матичен гин. Извештај од комисија и копија од трансакционата.
Zdravo,32 nedela ,Denes tret skrining,protok super,papocna dole,srce super,ramnomerni otkucai,ama mi kaza deka imam lakuni I kalcifikati na postelka,odma mi dade uput za didemeri da proveram,malku sum ispanicena,Bebe super napreduva,odgovara na nedelite,nemam visok pritisok,nemam gestaciski diabet,primam samo feroglobin I folna,magnesium I antimetil oti povrakam mnogu.Nekoj vo slicna situacija da spodeli iskustvo
Исчитав доста на темава, ама пак не можам да сврзам некои работи. Две недели земав боледување од матичен гинеколог, од следна недела по завршување на боледувањето ќе одам веројатно на патолошка. Како е процедурата, прво треба мислење од специјалист, па кај матичен да се однесе, па после у Букурешт на комисија или грешка сум? Кои денови е комисијата што одобрува патолошка? На колку време обновувам патолошка? Ако се спам прашањава, ќе бидам благодарна некој ако ми објасни и во порака.
Две недели матичен, па специјалист, па пред да завршат тие денови од специјалистот , идеш кај матичен за предлог за на комисија Букурешт. Они ќе ти дадат мислење. Ако е само контрола доле напишано, идеш пак кај специјалист, па матичен за предлог , па комисија Букурешт. Ако е контрола со конзилиарно, кај матичен за да ти даде упат со термин за конзилиарно. Конзилиарно на Гак имаш само во среда. Со документ/извештај од конзилиарно, пак кај матичен за предлог , па Букурешт. И ова последното го правиш секој месец, се до кај 34 та недела, кога од Букурешт ќе ти дадат предлог за отварање породилно. Е тогаш или отвараш породилно или користиш одмор или пак од општ матичен боледување. Слободно пиши ми , ако нешто не ти е јасно.
Zdravo Devojki, Dali ima nekoj isti slucaj za Patoloska kako mene za isplata? Voopsto 3 meseci na patoloska sum nemam isplata poradi toa sto bev na 08h i sami od firma na svoja raka me imaat prefrleno na 06h i poradi toa nemoze da gi izgotvat dokumentite vo Fond za isplata da imam? Reagirav i vo firma i se ne me prefrlaat? Vo trudova inspekcija da prijavam ili advokat da zemam?
Девојки здраво од мене Ве молам за одговор,на патолошка сум од почеток,прво користев боледување 2 недели од 2.9 до 16.9, па после тоа бев на специјалист со извештај од ГАК и однесов на комисија во Букурешт ми беше од 17.9 до 17.10, па пак бев на Гак со извештај од специјалист и пак на комисија со тоа што тогаш ми дадоа во Букурешт од 18.10 до 31.10 Сега во вторникот бев на ГАК на конзилијарно и треба да го однесам во Букурешт (нормално прво со предлог од матичната) немаше термини за 31.10 а и секако немаше да стигнам секаде ако одев баш на 31.10 на Гак зошто комисијата е од 14.30 часот Прашањето ми е сега комисијата во Букурешт ќе продолжи од 31.10 бидејќи од нив последното е до тогаш или како што пишале на Гак вчера од 23.10 до 21.11...Ме буни ова..Прв пат сум со конзилијарно Извинете на долгиот пост Ви посакувам на сите убав ден
Ако добро сфатив, покриена си до 31.10, и си била за продолжување од 01.11? Ако е така, изгледа ти го утнале датумот на конзилијарно, ништо ново, и ќе ти го дадат во Букурешт од 01.11 до 21.11, а ти пред 21.11 ќе си одиш пак на конзилијарно. Оди уште утре во Букурешт.
Значи сепак не е ни 30 дена,пак некаде пред 21 ќе треба да одам Инаку да до 31.10 ми беше ама бев вчера поради тоа што ако одев на 31 а без термин немаше никако да стигнам на комисија да однесеме во Букурешт Ти благодарам многу на инфо и на одговорот