Dali nekoj ima informacija bukvata T koja smena e narednata nedela od 28.10? Se ubiv od dzvonenje na dvata broja, nikoj ne kreva. Prv pat odam vo Bukuresht na komisija. Dali pokraj naodot od specijalist i krvna slika, mi treba nekoj drug dokument od kaj matichniot ginekolog? Blagodaram
Ѕвони на овој број, мене сабајле накај 9 ми кренаа. Во понеделников беше буквата Д втора смена од 14ч, друга информација немам.
Крвна слика не бараат за патолошка 6месеци носам не ми побарале. Од матичниот предлог за комисија мора да земеш
Да прашам нешто. За патолошка, после првиот месец кога исплатата е преку фирма, дали понатаму кога исплаќа фондот работодавецот ги плаќа придонесите, или се е преку фонд?
Првиот месец на патолошка исплаќа фирмата а потоа фондот така? Ме интересира дали јас имам некаква обврска што треба да ја направам потоа за фондот да ме исплати или се тоа брка фирмата? И дали вррменски некако има ограничувања, на пр.во месец октомври имам работено 7 дена, до крај на октомври ме исплаќа фирмата за тие 23 дена потоа сум под фонд? И дали доколку си дома месец ипол, два и продолжиш со работа ќе можеш потоа пак да земеш комисиски боледување у смисла подолго, или тогаш си ограничен на боледувања од гинеколог/матичен? Извинете, ако се повторуваат прашањата, ептен на почеток сум и не ми е јасно баш како оди.
Да јас сега прв пат ќе земам во ноември, до 10ти ќе ме исплати фирмата, другите денови фонд после тоа цело време фонд исплаќа. Ако ја прекинеш патолошката мислам неможе пак да земеш ако тоа е прашањето.
Ако сакаш да имаш редовна исплата секој месец мој совет ти е сама да си ги носиш документите во фонд. Ако оставиш преку фирма може и да закаснат со док. и да ти касни исплатата. Ако го прекинеш комисиското и тргнеш на работа после тоа нема шанси пак да земеш комисиско ја прекинуваат патолошката и неможе пак да ја продолжиш.
У фонд се носат документот од специјалист, значи тоа ти го дава специјалист-гинеколог, предлог од матична за комисијата и конзилијарното мислење Јас имам редовна исплата од фондот ама дека кај мене во фирма редовно носат документи и не каснат никогаш со такви работи, одговорни се Е сега кај тебе во фирма незнам како е, ако оставиш на нив да ти ги носат ако они закаснат ќе имаш и ти закаснета исплата, ама ако ги носат редовно како кај мене ќе немаш проблем
И јас сама ќе си ги носам. Може да ми кажеш кое е барањето што треба да се достави, знам дека копија од лк и извештај од комисија. Некое барање ми спомнаа плус да се пополни нивно
Јас боледувањето и комисиското го носев прво на работа за да си направат копија за нив и они ми го принтаа тој образец за во фонд и така спремни 3документи ги доставувам во фонд. Ти можеш да си испринташ сама за првото носење во фонд е Барање за надоместок на плата пиши на Google а понатаму со следните боледувања Oбразец за продолжување на боледување.
За во фонд ти требаат 3 документи и тоа: Боледувањето комисиско, боледување од матичен гинеколог и образец за боледување можеш да си го испринташ сама или да го земеш во фонд на лице место да пополниш. Боледувањата оригинал за во фонд со потпис и печат.
Во ноември 22 дена треба да бидат исплатени преку фонд, останатите најверојатно ќе се вратам на работа. Кој период треба да ги доставам документите во фонд и кога исплаќаат они?
За ноември ги доставуваш во декември кога ке земете плата од раб.и после 7дена ке ти префрлат од фонд.
Мајки, за првпат ми е сменета шифрата како предвремено раѓање. На новото продолжување сега ми бараат извештај, конзилијарно мислење и плус додадиле втр. Што е тоа втр? Едит; сега видов дека тоа е веројатен термин на раѓање. Што поточно дополнително бараат за тоа?
Да да, тоа е видов, туку прашањето ми е плус документ му треба за тоа или како оди? Или на извештајот од специјалистот треба да пишува кога е терминот?