Прв пат отворено боледување на 08.10.24 одобрено до 22.11.24 Може некој што знае да ми каже од која до која дата ме исплаќа фирмата и од која до која фондот? Кога да однесам на која дата во фондот документи (или ќе прашам може и фирмава да ги прати) за да ме исплатат за ноември?
Која е процедурата за вадење на патолошка? Прво кај матичната да извадам 2 недели боледување, и после? Како е на клиника, дали даваат или прават проблем?
Матичната прво ти дава боледување 2 недели, после исто од нејзе ти треба предлог за комисија и извештај/мислење од гинеколог-специјалист. После тие документи ти го носи сопругот или некој близок во фонд, ти немој да одеш. За во Ск незнам како е, тука кај мене не праваат воопшто проблем, барем мене до сега никој не ми направил.
За избештај од специјалист претпоставувам од кчиника треба. Дали прегледуваат таму и колку потписи ми требаат? Од било кој доктор таму или од комисија? Знам дека во Букурешт се носат документите, но додека да стигнам до документи не знам како е. И дали секој месец мора и кај матичен и кај специјалист за продолжување
Да мора, некогаш може и 2 пати месечно да ти се фати. Прво од еден специјалист е, после ти е конзилијарното од 3ца доктори, ама скоро секогаш еден те прегледува.
Женски ве молам за помош. На патолошка сум и поминаа тие 60 дена со специјалистички извештај и сега морам да одам на конзилијарно. Работата е што сестрата касно виде дека нема термин за комисија и ми даде приоритетен упат и сега не знам дали ќе ме примат на комисија со приоритетен упат, докторот вика може немало да ме примат а кнап сум со денови да знам дали да одам во приватниве болници.
Ќе те примат, само ќе изначекаш. Си оставаат простор на крај на денот дека стално има жени со приоритетен. Барем на Гак така беше за мене, кога бев со приоритетен првиот пат, 6 жени бевме така дојдени. Сите ги видоа, никаков проблем немаше.
Патолошка се исплаќа прв медец 100% плата на товар на фирмата, а наредните месеци 70% на товар на фонд но дали ма редовна плата или некој просек од последните месеци? Добив некое покачување, па дали тоа ќе се важи во иднина или ќе се земе просек?
Патолошка е 70% од последната цела плата што си ја земала.. породилно е од просек на последни 12 месеца пред пораѓај.
како иде исплатата за паталошка? јас од 02 октомври имам отворено бо од кај матичниот, после со два извештаи од специјалист ми го продолжуваа на комисија бо до 30.11., а денес ми го продолжија до 30.12. со конзилијарно? и колку се исплаќа?
Vrakjaat i toa prebrzo razlika imav 1 min od mojot i nivniot mail mislev deka im e standard mail kako za site ama sledniot den imav isplata.