Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Патолошка бременост

Дискусија во 'Бременост' започната од byby.13, 6 јуни 2015.

  1. Lady*Bug

    Lady*Bug Популарен член

    Се зачлени на:
    29 април 2017
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    4.954
    Пол:
    Женски
    Од тие што сте биле цело време на патолошка, да ми објасни некој како е процедурата. Сега сум 18та нед ако земам 2 недели од матичен, потоа на специјалист па комисија, потоа до крај како би било? Кога е тоа конзилијарно мислење и што поточно значи? И дали доколку си на патолошка мора да се отвори боледување 45 денс однапред, и дали тоа би значело 45 дена после порано да се вратиш на работа? Извинете, можеби е одговорено веќе, но доколку може некој да ми објасни, навистина ми требаат информацииве во моментов.
     
  2. TeodoraMJ

    TeodoraMJ Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 декември 2020
    Пораки:
    253
    Допаѓања:
    234
    Пол:
    Женски
    2 недели од матичен, после два пати идеш на специјалист и со извештај ти го продолжуваат до 60 ден. после тие 60 дена идеш на конзилијарно мислење јас идам во чаир каде ти даваат извештај од преглед и конзилијарно каде се потпишани докторот што те прегледува плус уште двајца доктори и директорот. со тоа и извештајот од прегледот и предлог од матичен пак на комисија и ти продолжуваат 30 дена. после 30 дена пак иста процедура до 45 дена пред термин. може и да не отвориш породилно 45 дена пред пораѓај да користиш одмор ако имаш или бо од др доктор не е гиникологот.
     
    На Lady*Bug му/ѝ се допаѓа ова.
  3. TeodoraMJ

    TeodoraMJ Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 декември 2020
    Пораки:
    253
    Допаѓања:
    234
    Пол:
    Женски
    Дали исплатата на 70% за паталошка од фондот е од основицата или од последните 12 плати?
     
  4. Lady*Bug

    Lady*Bug Популарен член

    Се зачлени на:
    29 април 2017
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    4.954
    Пол:
    Женски
    Од работа ми бараат ИСР образец да им доставам, од каде можам да го најдам тоа?
     
  5. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.387
    Допаѓања:
    13.382
    Пол:
    Женски
    Матичен гинеколог.
     
    На Lady*Bug му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Lady*Bug

    Lady*Bug Популарен член

    Се зачлени на:
    29 април 2017
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    4.954
    Пол:
    Женски
    Здраво,
    Дали знаете денес која буква, која смена е? Конкретно за буквата Д прашувам.
    Фала
     
  7. TeodoraMJ

    TeodoraMJ Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 декември 2020
    Пораки:
    253
    Допаѓања:
    234
    Пол:
    Женски
    треба да се прва смена. јас на М претходната недела бев прва смена, што значи оваа се втора. се менуваат на една недела
     
    На Lady*Bug му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Bejb15

    Bejb15 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2016
    Пораки:
    1.455
    Допаѓања:
    1.201
    Пол:
    Женски
    Буквата Л е втора смена, значи Д е прва.
     
    На Lady*Bug му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Bejb15

    Bejb15 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2016
    Пораки:
    1.455
    Допаѓања:
    1.201
    Пол:
    Женски
    Здраво,

    Сама си носам документи во фонд, првиот пат однесов образец Барање за надоместок на плата поради болест/повреда/ нега. Сега втор пат ќе носам дали треба образецот за Продолжување на исплата на надоместок ?
     
  10. Lady*Bug

    Lady*Bug Популарен член

    Се зачлени на:
    29 април 2017
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    4.954
    Пол:
    Женски
    Да се надоврзам. Денес итно бев на преглед у систина и докторот рече строго мирување и боледување. Од матична не ми даваат 2 недели боледување бидејќи не поминал еден месец како имам земено кај нив, значи требало еден месец да помине. Е сега денес треба мм да оди на комисија дали одма ќе му отворат од денес боледување (пошто е инцидентно) или ќе не малтретираат пак со тие букви?
     
  11. Bejb15

    Bejb15 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2016
    Пораки:
    1.455
    Допаѓања:
    1.201
    Пол:
    Женски
    А зошто од општ матичен не си земеш две недели?
     
  12. Lady*Bug

    Lady*Bug Популарен член

    Се зачлени на:
    29 април 2017
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    4.954
    Пол:
    Женски
    Мислиш така е подобро? После тоа да одам на комисија?
    Матичните мислам една недела даваат.
    Мислиш матичен една недела, гинекологов две па комисија? Така можам?
     
  13. Bejb15

    Bejb15 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2016
    Пораки:
    1.455
    Допаѓања:
    1.201
    Пол:
    Женски
    Со крвна слика мене и две недели ми имаат дадено, после тоа пак гинеколог две недели ќе ти даде зошто ќе помине месецот па на комисија да те прати. Ама збори и со гинекологот. Види денес дали ќе заврши работа сопругот ама таму е жив хаос. Барем претх месец таткоми кога беше од 2 чекаше до 5. Слушни се со општиитот матичен и гинекологот . Ако гинекологот ти инсистира на еден месец да ти издава боледување таа една недела од општиот матичен нема да ти заврши работа пак ќе бидеш во ист месец.
     
  14. Lady*Bug

    Lady*Bug Популарен член

    Се зачлени на:
    29 април 2017
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    4.954
    Пол:
    Женски
    Леле знам. Ајде ќе зборам со гинекологот, ама докторов сабајле така го разбрав ко за на комисија да одиме, не ми даде друг предлог.
    Како и да е фала.
     
  15. Bejb15

    Bejb15 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2016
    Пораки:
    1.455
    Допаѓања:
    1.201
    Пол:
    Женски
    Тоа со општиот матичен нека ти биде краен избор ако немаш денови одмор да земеш.
     
    На Lady*Bug му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Lady*Bug

    Lady*Bug Популарен член

    Се зачлени на:
    29 април 2017
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    4.954
    Пол:
    Женски
    Имам денови ама не ми се трошат кога можам да бидам покриена. Подобро да ги искористам за пред пораѓај, сигурно ќе ми притребаат и тогаш. Еве и на патолошка да сум не знам како прават за тие 45 дена дали покрива комисија или бараш од гинеколог/матичен боледување, и секако на крај денови од одмор комбинација на се.
     
  17. Anchita

    Anchita Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2021
    Пораки:
    204
    Допаѓања:
    182
    Пол:
    Женски
    Не ти се трошат а имаш мака. Земи си денес утре денови дур не средиш со општ матичен, па нз кога ќе ти помине месец да можеш од гинеколог да отвориш па да те праќаат на специјалисти за продолжување. Букурешт неможе да ти отворат боледување
     
  18. Lady*Bug

    Lady*Bug Популарен член

    Се зачлени на:
    29 април 2017
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    4.954
    Пол:
    Женски
    Благодарам за одговорот. Можеби не си ме разбрала убаво, веќе бев на специјалист,и имам дијагноза каде Букурешт не може да не ми даде боледување. Сега се врати мм од таму, му отвориле.
     
  19. Anchita

    Anchita Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2021
    Пораки:
    204
    Допаѓања:
    182
    Пол:
    Женски
    Ајде баш појасни како му отвориле боледување, може ќе биде и др во таква ситуација.
     
  20. Lady*Bug

    Lady*Bug Популарен член

    Се зачлени на:
    29 април 2017
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    4.954
    Пол:
    Женски
    Не било тоа отворено боледување, него мислење за да може матичниот гинеколог да отвори боледување.
    Очигледно прв пат ми е и јас учам како одат работите. Не знам што очекуваш да ти појаснам кога и мене не ми е јасно и затоа тука прашувам.