Откако матичен еднаш ќе даде боледување, следно мора препорака од специјалист, па следно од комисија од 3ца доктори. Женава се јавила на Гак, специјалист и дал препорака за боледување и тоа е тоа. Матичен после тоа само го отвара боледувањето, мора да прави како рекол специјалистот. Ова е процедура за секое боледување, не само за патолошка.
Да тоа е така. Она кажува дека имала веќе од гинеколог и дека треба да помине 1 месец за да може пак да и отвори боледување. Ајде она не е упатена, па грешно се изрази дека Букурешт отвара боледување. Мене тоа ме интересираше, дали може матичен повторно да отвори боледување иако е прекинато пред скоро време.
Jas zimav ednas dve nedeli od opst doktor ednas od mat ginekolog dve nedeli, razlicni dijagnozi izmegju kombinirav so odmor taka celi 5 meseci nesakav odma da odam na patoloska.
Може ако има препорака од специјалист. Тоа е поентата зошто после првите 2 недели се оди на специјалист, зошто матичен гинеколог не може да даде нови две недели (и не може да даде одредено време со истата дијагноза). Значи без разлика дали на 15от ден после тие први 2 нед или после некоја пауза одиш кај специјалист, тој е следниот чекор. После матичниот нема никаква улога, само прави тоа што е наложено од специјалистот.
Значи ако имам шифра за патолошка и ја прекинам, после ако имам проблем може пак да се отвори патолошка?
Ако се прекине зошто така препорачал доктор. Во смисла си имала крварење, сега немаш. И не ти го продолжуваат боледувањето. Или ако сега имаш друга дијагноза, пример првично си имала хематом, сега имаш ниска постелка. Ако сама го прекинеш на своја рака, тогаш не.
Доколку сам не си ги однесеш документите од фонд, значи ги носи фирмата, кога би требало да е исплатата за ноември? Знам дека зависи од тоа кога фирмата ќе ги однесе документите, но сепак некој да не знае отприлика?
Јас сама ги носам, фирмата пушта плата на 10ти исплата имам на 20ти. Фирмата кај мене ги носи на крај на месец затоа и сама си ги носам.
За 7 работни дена од кога ке ги достават. Може и со месеци да ти касни ако не ги носат навремено. Затоа најдобро сама да носиш, јас на 10има плата на раб тогаш ги носам и најкасно до 20ти имам исплата секој месец редовно.
Од фирма ми рекоа дека на 11.11. ги однеле документите за месец Октомври, а јас уште немам исплата. Знае некој колку може да касни исплатата? 1 месец помина од доставени документи и ништо нема. Или дали има број кај може да се јавам да прашам?
Не касни, јас првиот пат кога поднесов, за 2 недели ми исплатија, вториот пат, една недела после поднесување на документите. Сигурно нешто не е во ред, може ти фали некој документ. Пиши им на меил одма враќаат : Info@fzo.org.mk Еве и број ама не креваат : 02 328 9000
Девојки здраво, јас сум 10+6 дена мат гинеколог ќе ми отвори боледување две недели. После тоа ме праќа на комисија. Прашањето ми е дали таа комисија прави некои прегледи и дали постои можност да не ми го продолжат боледувањето?
не на комисија, кај специјалист треба и со тој извештај од специјалист на комисија се оди пред да поминат тие 2 недели од матичниот