@Kitanova77 Матичниот гинеколог прво дава 2 недели, пред да поминат тие 2 недели треба да се отиде на специјалист и со тој извештај одиш пак кај матичниот гинеколог они ти даваат друг извештај кој го носиш на комисија. (Не знам стручно какви називи имаат извештаиве). Вака е процедурата, бар како што ми објаснија кај мојов матичен а и тука во темава. Исто овде ме советуваа на комисија да не одиш ти, најдобро друг да отиде за тебе.
Со контрола и конзилијарно мислење ми пишува на денешниот извештај од Букурешт. И не ми е дадено 30 него 23 дена боледување знае некој зошто? И како е постапката за ова конзилојарно, треба да ми закаже нешто матичната преку нив дека до сега сама си закажував во Систина. Може од таму конзилијарно, како е постапката?
Можеш да земеш конзилијарно од Систина и да го доставиш во Букурешт само пред истекот на тие 23 дена гледај да го земеш самата си закажуваш преглед и ќе си побараш. Постапката е конзилијарното кога ќе го земеш го носиш кај матичниот а од таму конзилијарното и предлогот од матичниот ги доставуваш во Букурешт
Зошто ти дале 23 дена не би знаела,јас еве сега ќе одам по трети пат и некаде околу 30 дена беше до сега секое продолжување,за на приватно би требало да се јавиш само и да закажеш,а за на државно на пример на ГАК јас таму одам матичната треба да ти даде упат, закажи на време бидејќи брзо се фаќаат термините,и тоа е од тројца доктори ставаат потпис на документот а еден доктор прави преглед и ти даваат извештај од ГАК после прегледот и со тој се враќаш кај матичната гинеколог и од таму со тоа тој документ од ГАК и од матичен гинеколог ти дава предлог за комисија и одите во Букурешт (не ти,некој за тебе нека носи документ во Букурешт) И запази дека на ГАК само во среда има комисија за конзилијарно,на пример ако ти е од комисија до 20.12 гледај некаде пред 20ти да имаш завршено со комисија за да имаш време и за во Букурешт да носиш се комплетно Освен ГАК има и во Чаир ама за таму немам искуство не сум одела таму
Зошто се толку денови, никој незнае. Мене првиот пат само 15 дена ми имаа дадено, после се по 30, за на крај заклучно со 34 та недела, да отворам породилно. И по 15 дена може да ти даваат, да не ти биде чудно и тоа.
Заклучно полна 34та недела Букурешт веќе не продолжуваат патолошка? Или отвараш породилно, или одмор или боледување?
Заклучно со 34 та, ти даваат предлог за породилно да си отвориш. Е сега можеш одмор да користиш, да отвориш породилно или боледување од општ матичен.
За конзилијарно ако одиш кај некој Док во Систина на контрола ќе им спомнеш на Док или сестрата ама 3 дена предходно пред да одиш пак на комисија и ќе ти дадат.Мене првиот пат ми дадоа 30 дена,сега ми дадоа 45 дена до 30 Јануари ама може дека ми стои во извештајот 2 спонтани предходно и проценка за серклаж и бед рест препорака од докторот .Предходната бременост ми беше по 2 недели,20 дена само еднаш имав 30 дена. Секој пат е различно јас треба да носам за следен пат конзилијарно и извештај.
Девојки во петок треба на одам на специјалист. Ме интересира дали ќе ме прегледува и што прашања би можело да ми постави.? Од гинеколог имам пишано дијагноза крварење во рана бременост
За продолжување на боледување? Нормално дека ќе те прегледа,мора извештај да даде,а извештај се дава врз основа на преглед. Обично се абдоменални ехо прегледи, прашања во врска со бременост,последен циклус кога е,која бременост е,некои болести дијагнози дали имате и друго што ќе смета тој ќе ве праша,и нормално е и треба да те прегледа и да праша,да не биде чиста само формалност Поздрав
Девојчиња, од прилика за колку време откако ќе се поднесат документи во фондот се очекува исплата? Ви благодарам
Минатиот месец поднесовме на 14ти,веќе на 28ми имав исплата,овој месец ќе видиме,имам поднесено пред недела и повеќе,па чекам исплата Реално не се чека многу, брзи се,не е како порано Поздрав
Прв пат матичен гинеколог отвара боледување на 8.10.24 (15 дена) нели, комисија продолжува еден месец односно до 22.11, дали фзо ме исплаќа за период од 01.11-22.11 а фирмата за цел октомври?
Фирмата до 8.10, после тоа фонд. Првите 30 дена се на фирма без разлика дали се во еден месец или два. Ретко кој отвара боледување на први.
Девојки, да прашам во врска со комисисково боледување нели на листот пишува дека можат да дадат од 16 до 30 дена.. денеска ми го продолжиле само на 13 дена.. до 01.01 можно е да е некоја грешка или прават и така? Наредното треба да ми биде веке со конзилијарно
Прв пат со извештај продолжуваат 30 дена, втор пат со извештај продолжуваат 15 дена и после со конзилијарно пак по 30 дена