Прво од матичната отвараш 2 недели боловање,за следните 2 недели ти треба извештај од специјалист ако одиш на државно треба да ти закаже матичен гинеколог или можеш и на приватно.Со тој извештај одиш кај матичната ти дава предлог и одиш на комисија.Пред да одиш комисија проверуваш која смена е твојата буква од презимето.Со документите од комисија се враќаш кај матичен гинеколог и ти дава боловање кое го носиш во фирма и фирмата ги носи во фонд.Ако сакаш побрза исплата или фирмата не ги носи можеш сама да ги однесеш.
Здраво, сакам да прашам дали сте менувале број на здравствена легитимација во фзом за време на патолошка ? На сајтот на мое.осигурување кога ке се најавам ми го пишува ова ... Па викам да не имам некој проблем при одење во Букурешт или било каде на доктор...
Од 02.12 сум на боледување, со што првите 2 недели од матичен гинеколог после од комисија. За декември земав плата од фирма, сега од јануари треба од фонд боледување. Документите треба да си ги носам сама во фонд, па ме интересиравкои документи ми се потребни. Дали сите боледувања (3 месеци) и решенија, почнувајќи со боледувањето од 02.12 заклучно со 01.03 (вчера ми го продолжија до тогаш на комисија, и боледување ми издаде веднаш матичната) и дали од фирма треба да ми дадат некој документи?
Зошто само 2 недели од комисија? Само толку даваат на почеток? Не може 1 месец да биде боледување од комисија?
Зависи од комисијата и дијагнозата може да ти дадат 2 недели, а може и 30 дена или 45 дена.Јас дека сум со 2 спонтани и серклаж оваа бременост до сега 2 пати на комисија ми давале 45 дена.Еве сега отиде маж ми ќе видиме колку ќе пишат.
Ахааа..... не знаев дека даваат и 2 недели. Мислев, по ди фолт даваат 1 месец. Дали првиот пат отиде и ти на комисија или сопругот оди секогаш сам?
Не јас сум бед рест заради серклажот дозволено ми е до тоалет и до доктор.Кај мене оди сопругот или мајками.
Обично првите два пати кога ќе отидеш само со извештај од специјалист дават 2,3 недели, после со конзилијарно 30 дена
Ш и Д се во иста група.Д беше 2 смена прошлата недела.Оваа недела се 1 смена.Звони си пак ако сакаш за сигурно околу 9 -10часот мене секогаш ми креваат.