Немам број од амбуланта, евентуално да се јавиш на тој телефон на ГАК што е,па они од таму да ти дадат инфо или број Мене кога ми се јавувале од конзилијарно за во колку часот да дојдам на пример порано од терминот секогаш од некој моб.бр. ми звонеле ама не истиот,но ги немам сочувано тие
Бев во ГАК па Букурешт на 11 февруари и ми дадоа боледување до 11 март комисиски.Сега од кај матична ми викаат пак таму требало за да се продолжи пак 30 дена.Не ми е јасно.А натичнава рече комисиско па патолошка.Сега не ми спомнаа патолошка.Ништо не ми е јасно
2 недели од матичен бо, после два пати идеш на специјалист и со извештај во Букурешт ти го продолжуваат бо до 60 ден. Значи тие уште еднаш ќе одиш на специјалист без конзилијарно на комисија. после тие 60 дена идеш на конзилијарно мислење јас идам во чаир каде ти даваат извештај од преглед и конзилијарно каде се потпишани докторот што те прегледува плус уште двајца доктори и директорот. со тоа и извештајот од прегледот и предлог од матичен пак на комисија и ти продолжуваат 30 дена. после 30 дена пак иста процедура до 45 дена пред термин. може и да не отвориш породилно 45 дена пред пораѓај да користиш одмор ако имаш или бо од др доктор не е гинекологот. Закажувај си на време за преглед и конзилијарно ако идеш на ГАК зошто само во среда тие имаат термин, а за Чаир можеш кога сакаш зошто немаат термини користиш приоритетен упат. Можеш и од приватна клиника ако сакаш.
Здраво, имам едно прашање, сакам да отворам боледување па после тоа да отворам паталошка, до сега работев ама одев само прва смена, сега почнаа да ме ставаат и прва и втора смена а втора ми е премногу напорно,плус притисокот ми паѓа често и многу ме бута на спиење, лани имав еден спонтан во рана бременост, и сега сум под терапија, ама и тоа ми прави дополнителен страв Прашањето ми е дали со ова би ми дале паталошка, или би ме одбиле читам се одело на една комисија па на друга Некој со ваково искуство да сподели?
До колку саат примаат документи за поднесување на исплата за патолошка? Дали ако оди сега сопругот накај 13,14ч би завршил работа, или тоа само посабајле?
Па сепак си имала спонтан, плус примаш терапија ке се наведе се тоа во извештајот и плус проценка од специјалист ке си направиш муабет со него. Само не те разбрав ова со идењето на една комисија па на друга..
Мислам раб.време им е до 16:00 Сопругот одел и после работа да ги носи документите,а тоа било секако после 15 час.
Сега гледам дека си пишала. Па ќе видиш матичната дали ќе ти пише дијагноза за да почнете процедура за патолошка. Е за свадбата незнам што да ти кажам. Може да те пријават и да ти направат проблем.
Девојки мене месецов прв пат треба да ми исплатат патолошка од фонд. Во фирма денеска пуштиле плата, кога би требало мене да ми стаса исплата? Ве читам наназад дека многу зависи и фирмата кога ги носи документите па ако може да ми кажете каде може да проверам дали има однесено или не?
Здеаво девојки имам едно прашање.Моментално сум на патолошка и комисијата ми има продолжено боледување до 15.04.25 (45 дена пред термин) до тоа што на оценката ми пишува дека треба да отворам породилно од 16.04.25.Денес бев кај матичната за консултација за тоа дали може да користам одмор и боледување од општ матичен за да не го отварам породилното толку рано и нејзиниот коментар беше дека доколку направам такви комбинации фондот може да ми направи проблем при понатамошна исплата на породилно (доколку не го отворам со датумот кој ми е наведен од комисијата).Дали некој имал искуство со вакво нешто и дали некоја од вас користела одмор и и боледување од општ матичен после патолошка и дали имала проблем со фондот за исплата на породилно.Фала