99% од трудници на патолошка користат одмор/боледување за да не отворат одма породилно. Мене гинекологот ми се чудеше зошто отворив одма породилно во 34та недела, ама јас немав одмор да користам во моментот. Значи нека не те плаши џабе докторката.
Незнам зошто ама матичниве наместо да не поучат како треба они одмагаат. 90% сите користат одмори боледување за нормално после да си поседат дома повеќе. Затоа искористи што можеш а на матичната кажи и фала на советот
Матичната твоја првпат да не има трудница на патолошка, па незнае? Нема да имаш апсолутно никаков проблем. Ако имаш можност користи одмор и од општ матичен. Јас опција немав за жал.
Одобрено патолошка до 21 март (петок). Имам опција одмор да користам и 2 недели од матичен. Дали матичните отвараат боледување во сабота? Или прво одморот да го искористам?
Матични во сабота не работат. Е дали може во понеделник, со назад денови да отворат, прашај си со време, за да знаеш како да се организираш.
Мм вика покриена си до понеделникот. Мене патолошката ми е до 21 март (петок). Дали треба од саботата да бидам покриена или од понеделникот?
Не ми се погодило вака баш петок да ми завршува, па од понеделник да е друго. Слушни се со матичната, ќе ти каже како најубаво. Без да мислиш и пресметуваш, она ќе ти каже и ќе си бидеш раат.
Здраво на сите Бев две недели на боледување од матичната. Денес бев на комисија со конзилијарно мислење и ми продолжија 30 дена. Ее сега ме интересира за исплатата, дали јас треба да поддавам некои документи во фондот или фирмата каде што работам?
Devojki edno prasanje, denes mi dadoa potvrda za otvoreno porodilno boleduvanje 45 dena pred termin bidejki bev na patoloska, vo sistem ne go otvorija tuku samo vo kartonot pisa, dali treba I sistemski da se otvori ili koga ke se porodam ke se otvori za da mi se izdade formularot..?
Тоа зависи од фирма до фирма, ќе треба да прашаш во твојата. Мојата не носи документи, па ние сами ги носиме. А читам од членките дека посигурно е сопругот или некој твој да ти ги носи во секој случај бидејќи знаат да каснат од фирмиве со носење.
Кај мене фирмата ги носи, јас сега прв пат треба да земам исплата од фонд. Баш вчера прашав ми кажаа дека исплатата е во процес на обработка па очекувам деновиве да стаса
Кои документи се носеа во фонд за патолошка ? Боледувањето, претпоставувам трансакциска, барање од таму се зема , а од фирма нешто требаше ли ? Бев пред 2 ипол години на патолошка ама заборавив како беше. И дали мора да чекам плата да пуштат од фирма или можам порано да однесам документи ?
Во фонд носам: -Потврда за боледување од матичен гинеколог -извештајот од специјалист + конзилијарно (доколку има) -Формуларот од ФЗОМ (јас го имам испринтан и го пополнувам од дома) -Читав тука дека треба копија од трансакциска сметка, но мене не ми ја зимаат Од фирма не треба ништо. За кога треба да се носи не знам што да ти кажам, мене ми ја носи човек (пријател на свекрва ми) што ги познава таму, и ми кажа дека требало кога ќе почнеш да ги носиш, на истиот датум горе долу да ги носиш секој месец. Но не знам дали датумот на носење на документите е поврзан со датумот на пуштање на плата од фирмата. Јас ги носам некаде 10тина дена после пуштање плата и секогаш на различен датум ми стига исплатата, (некогаш после месец, некогаш два три дена откако ќе однесам документи, некогаш на два пати), не знам зошто…
Готово, отворено е за сега. Откако ќе се породиш, ќе ти дадат извештај како класично боледување, со почетна и завршна дата. Па после ќе се носат документи во фонд за породилно. Ако немаш боледување за викендот, испаѓа се враќаш на работа. Дури и да не работи фирмата тие денови. Не знам за сигурно да ти кажам дали тоа е проблем, ама јас така не би оставила. Провери само ретроградно дали може да ти отворат боледување во понеделник да почнува од сабота. Немој за 2 дена проблем да си направиш. Отвори си го од сабота.
Мој совет носи си сама. Фирма може и да заборави, па ова па она и да ти се завлече се. Ако мислиш и веруваш дека фирмата на време ќе ти носи, нека носат. Ама пак мој совет ти е да си носиш сама.
Кажи ми дали го даваш во фирма оргиналниот извештај од специјалистот и конзилијарното мислење (комисијата што го дава), или правиш копија?
Во фирма го давам боледувањето од матичната и извештајот од комисијата. Давам оргинали. Даваат по два примерока. Од боледувањето еден си задржувам др го праќам, а од извештајот еден оди во фирма а др ми останува кај матичната во картонот
Епа мене од извештајот само еден примерок ми дадоја а во фирма ми го бараат оригиналот. Ми е страв ако на следна комисија ми го бараат оргиналот, а јас го имам дадено во фирма