И јас имам одобрение од доктор, само тоа ми беше мисла во однос на боледувањето дали може да има некакво влијание.
Јас настрана од казните, не би одела на патувања, па макар и од 3 дена додека сум на патолошка. Секој има различна причина за патолошката, кај некој посериозна причина, кај некого помалку, ама јас не би преземала и најмал ризик кога се работи за бебето (па макар и доктор ми одобрил).
Девојки од државна ме вратија,не ме пуштија на комисија дека сум со приоритетен за денеска. А термини немаше нормално. Боледувањето ми е до 01.04.Матичната ми спомна ќе пробала за Чаир упат да ми даде. Дали знаете таму како идат работите ? Кои денови има комисија во Чаир ?
Како се прекинува патолошка бременост? Едноставно, не одиш на комисија? Или, сепак треба да отидеш и да им најавиш? Сакам да го прекинам патолошкото боледување и да се вратам на работа бидејќи сега се е ок со бременоста. Имам и одобрение од д-р.
на кој број можам да се јавам да се информирам зошто немам сеуште исплата од фонд,за патолошка бременост
Јас на овој број вртев и секогаш креваа 023289 083. Ќе ти побараат матичен број да кажеш и ќе ти кажат ако има некој проблем.
Zdravo, dali nekoj mozebi znae dokolku imas smeneto firma, a nemas prekin vi staz i vo novata firma si 1 mesec samo, a imas patoloska bremenost, dali moze da podneses do fondot za da ti plakjat do 9ti mesec?
Претходниот месец не ми ја пуштија патолошката. За месец февруари. Обично до 25ти во месецот максимум ми ја исплаќале.. Има ли некоја во иста ситуација?
Дали може некоја да ми појасни каде точно во Букурешт се носат документи за комисија? На кој кат, некои насоки… Ке оди сопругот, па да не се мота таму
Штом ќе влезе на капија со кола одма лево има паркинг,пишува комисија.Секоаш има луѓе надвор пред вратава.
Еден совет од мене, сопругот (или кој и да носи) ако нема време да чека (претпоставувам кога има гужва се чека со часови), можете во ваша смена да ги оставите документите само и ќе ви кажат вратете се за неколку часа да ги земете готови. Е сега, претпоставувам сигурно има некоја мала шанса да се случи нешто - пр некако да се изгубат, кај мене лично цела бременост немаше никаков проблем. Едноставно мораа да ги оставаат бидејќи сите од блискиве одат на работа и немаше опција да чекаат…
Подобро ако е во можност нека си чека,некогаш оди брзо а најмногу што чекав 2ипол саати мене предходната недела ми пишале боледување до денот на породување,маж ми не знаел па вадев од почекот.И тие знаат да згрешат.
Да, ова повеќе го пишав за тие што немаат опција да чекаат на пример кога има 20 луѓе пред врата и немаат друг избор, чисто дека може. Кај мене немаше грешки ниту еднаш за среќа, но сигурно дека има случаи, кои пак може да се случат и да чекаш и да не чекаш, најубаво да се проверува веднаш таму во двата случаи и верувам ќе го корегираат веднаш. Како и да е, мене ова со документиве ми беше стресно секој пат кога требаше да се шета натаму наваму, а јас секако не можев па триста организации.. едвај дочекав последно боледување за патолошка. На сите со лесно и бебиња во раце, па другово се средува
Сега боледувањево на патолошка ми го продолжиле само до 4ти мај. Втор пат го продолжувам. Како треба сега да се закаже за комисија или? Ако може некој да ми објасни подетално, ништо не ми е јасно како треба. До сега одев во букурешт со извештај од гак.