Здраво на сите. Сакам да ве прашам дали сте имале ситуација како мојата и ваше искуство. На патолошка сум, 25та недела бремена. Досега земав конзилијарно од клиника но овојпат сакам да земма конзилијарно од приватна болница а потоа наредното да биде повторно од гак. Дали некоја правела така досега? Во букурешт знам дека нема да прават проблем,но дали на клиника ќе ми направат проблем бидејки сум прескокнала еден месец и не сум била кај нив? Доколку имате исто,или слично искуство би сакала да споделите. Ви благодарам!
Здраво, да ве прашам кога ќе го дадат последното конзилијарно со дата за отварање на породилно, смеам одмор годишен да користам па да отворам породилно од денот на раѓање на детето?
Мене ми е до крај на месецов боледувањето и планирам од следниот месец да отворам годишен одмор. Денес ја прашав матичната и ми кажа дека може доколку ми одобреле од фирмата. Мислам дека нема да ми прават проблем најчесто така прават сите кај нас мене во фирма.
Девојки, кога земате 2 недели боледивање од матичен гинеколог, колку кратат на плата? А колку кога си на патолошка?
Дали сите имате исплата за месец јули? Обично до 10тинминстигаше, сега уште нема. Има ли некој број да ги барам за да прашам ?
Однесени се,јас сама си ги носам. Последна патолошка ми е,следно треба да земам трудничко. Ама користев одмор во август.
Јас немам, а однесени се од фирма. Минатиот месец ми пуштија на 30ти не знам дали секој месец на иста дата пуштаат. Info@fzo.org.mk на овој меил можеш да ги контактираш.
Не, испадна дека имало проблем. Им пишав маил на кој добив одговор дека за мене нема никакви документи, им се јавив истото ми го рекоа. Од работа на одмор колешката па морав да отидам јас. Таму на шалтер ми рекоа дека има документи но дека е испратено писмо за поправка на часови. Среќа што отидов. Се надевам дека деновиве ке пуштат, не ми ги прифатија документите за август ради ситуацијава..