Ви благодарам на одговорот. Тоа би значело дека исплатата ќе доцни 2 месеци? т.е, за 10те дена од октомври ќе земам во декември; за ноември во јануари?
Утре сум во гак за конзилијарно мислење за патолошка бременост. дај боже да ми дадат во спротивно не ми преостанува ништо ќе морам да напуштам работа. колку толку добро би ми дошол некој денар али поважно ми е прцулчево... ќе им ја кажам вистината се надевам дека ќе ми одобрат, матичнава вика дека нема да има проблем поради мојата ситуација али пак ми е некако страв што како ќе биде. некој сега брзо да бил на комисија да сподели искуство..?
Јас добив конзилијарно во Систина, без никаков проблем. За ИВФ- бременост мислам дека не прават проблем.
Пари зема некој за ноември? Минатиот пат за октомври земав на 9ти, сега чудно ми е. Различно се зема секој пат?
Мене денес ми стигна и овие три пати што сум зела, сите три биле на три различни датуми и периоди од месецот.
Од фондот ми стаса писмо во кое пишува да доставам корекција на плата за 8и 9ти месец ,се обратив во фирмата службеничката била на одмор па неможеле да свршат работа другите колеги од фирмата ми пуштија пари и за 10ти месец значи за 2месеци и 7дена валјада по грешка е сега незнам јас кај да барам таква корекција на плата дали имала некоја ваков проблем?позз
Нешто не се совпаѓа - најчесто проблем се бројот на работни часови. Појди до фзо нека ти кажат што е проблемот.
Такво исто писмо е стигнато и до твојата фирма. Би требало службата (благајникот) да ја направи корекцијата и тој да ги однесе пресметките со нови корекции. Барем кај мене е така, се тие се прават, јас ништо не носам до ФЗО.
Носи си ги сама. Не е ништо комплицирано сама да ги спремиш. Јас сама си ги носам - од никој не зависам така.
Кај мене не сакаа да слушнат сама да ги носам. Тие носеле за сите. Освен тоа, работам во друг град, па и подобро ми доаѓа тие да ги носам, да не патувам 100 км во еден правец.
Sakam da te prasam sto dokumenti trebaat za patoloska posto i jas treba da odam vo gak pa se nadevam deka i jas ke dobijam
@SASKALEO Само последниот документ од комисијата во букурешт ми го побараа кај што има мислење и датум нели до кога ти трае боледувањето... Те прегледуваат пишуваат свое мислење ти даваат извештај тој го носиш во букурешт па кај матичната па на работа и така..
Сакам да Ве прашам тие што се со Ин витро, дали продолживте да одите на работа или не. Јас сега за сега сум ок, освен со мачнини ненормални, па правам недела дома, недела на работа. Матичниот сакаше повеќе боловање, ама не сакам да се залежам дома... нез дали згрешив.. Ви благодарам
Јас сум со ИВФ бремена и од денот на трансфер сум дома. Поминав многу ИВФ процедури со секакви проблеми и сакав да се одморам малку, да си посветам време на себе. Освен тоа, работата ми е во друг град и не сакав да ризикувам да патувам.