Абе 8ми е празник, јас земав одмор пред 23ти октомври (празник беше) не ми го рачунаа во одмор, туку ти кажа 9ти затоа ти реков. 9ти не е празник не можеш да го прескокниш па да го отвориш, најдобро ти е да си прашаш некој од таму ако треба порано оди или телефонски прашај и за 8ми како се рачуна да не те излажам нешто, првпат и јас отварам.
Ве молам за одговор дали ако сум на патолошка и користам после тоа денови одмор, породилното не може да се отвори 45 дена пред термин туку мора 28? Бидејќи се прекинувала патолошката со користењето на одмор
Патолошка даваат до 45 дена пред термин, ти ако сакаш можеш да го отвориш уште веднаш породилното, но ако имаш одмор зошто да не го искористиш. Мене никој не ми спомна дека не можело да се отвори 45 дена пред термин породилно. Ти даваат документ за на работа дур не се породиш, па кога ќе се породиш сопругот ќе иде по документи кај матична. Барем така мене ми кажаа.
Да, доколку си на патолошка може да се отвори 45 дена пред термин породилно, но ако користиш нешто најрано што може е 28дена пред термин. Јас сакав да искористам две недели боледување но ќе ми фалеа два дена за покривање а немав одмор, па морав да го отворам породилното.
Да ама сакам да го користам одморот па да отворам породилно 45 дена пред термин.Ми викаат така не можело,ако се користи одмор мора породилното да се отвори 28 дена пред термин.
А дали може да им се каже на комисијата за последниот месец да не ми даваат патолошка за цел месец туку пола, бидејќи ќе користам одмор или не постои можност за такво нешто.
Па немаш проблем, нека ти даде комисијата боледување 45 дена пред термин, па искористи си одмор и потоа отвори породилно.
Па можно е порано да се породам и не ми одговара така ќе ми пропадне одморот,ама ок ќе направам некоја комбинација ќе видам како
Дали може некој да ми каже ако земам конзилијарно мислење од приватните клиники дали треба отпосле пак да се носи некаде или матичниот средува? Дали знае некој дали во систина или ремедика може да се направи втор скрининг и воедно да се земе мислење, барем 2 месеци да мк го продолжат толку ми и треба ?
Да може конзилијарно и од приватна клиника.Со конзилијарното се оди кај матичниот за предлог за комисија и со овие документи и конзилијарно и предлог се оди на комисија и обично даваат 1 месец, наредниот месец иста постапка.Да кога ќе одиш на скрининг прашај за конзилијарно само запази ги датумите не мора да се чека последен ден пред истекот на боледувањето, се оди порано.
Најдобро сопругот или друг член од фамилијата,не мора ти пошто нели на боледување си и треба да лежиш дома.После комисијата кога ќе завршиш пак се оди кај матичниот издава боловање и се се предава во фирмата.Човечки ресурси носат во фондот.
Некои фирми како мојата не носат до фонд, па можеби ќе треба и таму да носиш документи на крај. Прашај како е праксата во твојата фирма
Каде е комисијата во Скопје, можеби се глупи прашањава но непознато ми е и несум од Скопје затоа прашувам како да се изорганизирам навреме
Комисијата е во поликлиника Букурешт, работат во две смени, пред да одиш треба да се јавиш и да прашаш првата буква од твоето презиме која смена е таа недела кога планираш да одиш
Здраво да ве прашам тие што сте на патолошка како ви стига платата во износ од 70% дали Министерство за финансии ви ја пушта во тој износ или на два дела? На пр. мене втор месец веќе ми пушта на два пати. Дали тоа можеби е некој пресек на месец или што е по кој основ е тоа?