Мислам дека прават така пошто влегува од еден во друг месец, според тоа што сум гледала. Пошто ниедно боледување не ми е од 1ви до 31ви, а верувам ни вас.
70% треба да е од плата, е сега рачунај си, еднаш не ми пуштија цела па му пишав мејл па средија и ми допуштија колку требаше. Пишувај му на мејл ако нешто не ти штима или ако многу ти каснат, одговараат. Последното што ми го пуштија беше 70% од плата нели за септември и влегува 1 ден во октомври боледувањето и ми допуштиле после 3 дена само за тој ден за октомври што е во ред како што треба.
Здраво сакам да прашам дали секој месец треба да се носат документи во фондот за патолошка. Првиот пат однесов за половина август и цел септември. Сеуште сум на боледување дали треба пак да носам?
Да и за октомври треба да однесете доколку имате боледување,не исплаќаат доколку не се достават документи.Имате ли боледување за октомври и ноември?
Погоре ја имам објаснето процедурата,за октомври во фондот носите боледување од матичниот издадено врз основа на боледувањето од комисијата што ви го издала.Бевте ли на комисија за октомври? Досега требало да ги предадете документите.
Da da bev i oktomvri na komisija i noemvri ama imav komplikacii pak nekoi i sosema izumiv da odnesam dokumenti.
Дали некоја земала пари за боледување за октомври? Нели после 10 дена откако ќе се однесе боледувањето исплаќаат?
Мене ми пуштија пред 3 дена, каснеа нешто месецов читам и за породилно многу каснеа тек сега почнаа да испаќаат
Па добро ти си ок си користела одмор па си отворила породилно 7 дена пред термин,така може.Не може одмор па породилно 45 дена пред термин, морам 28 дена пред термин,тоа ми е поентата.
Денеска ми стигнаа само 700 мкд боледување отворено од 1ви окт. А документите ги поднесов на 10ти ноември. Дали некој може да ми објасни зошто и каде да се обратам. Фала
Дали ова ви е прв месец под фондот? Првите 30 дена се на терет на фирма можно е ова да ви е за еден ден од фондот.